Животен стил, Кујна, Рецепти

Хамбургер за гурмани!

17 јуни, 09:30

 

 

 

 

 

 

Состојки:

  • 350 грама говедско месо
  • 1 лажичка чили
  • 1 чешне ситно исечкан лук
  • 1 парче зелена марулка
  • Црн пипер по желба
  • 2 лажици путер
  • 2 дебели парченца кромид
  • 2 прстени од конзервиран ананас
  • 4 супени лажици маслиново масло
  • 1 големо парче кашкавал
  • 2 јајца
  • лепче за хамбургер
  • 4 парчиња конзервирано кисело цвекло
  • 2 круга од домати
  • сол

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги говедското месо, лукот, чилито, солта и биберот, добро измешајте ја смесата и направете една голема плескавица. Се приготвува на скара или грил тава на средна температура.

Во посебна тава ставете го кромидот да се испржи. Потребни се околу 8-10 минути.

Ананасот исто така треба да се пржи додека да зарумени. При пржењето користете маслиново масло. 

Јајцата се пржат на око во тава со ширина колку лепчето за хамбургер. 

Премачкајте ги горниот и долниот дел на лепчето со путер и ставете го на скара или на грил тавата да се затопли и да добие мала крцкавост, а потоа пресечете го на половина и внатрешните делови премачкајте ги со путер и ставете ги на скара или на грил тава.

Пред да започнете со полнење на лепчето ставете го кашкавалот на загреана тава и оставете да се подиспржи.

И за крај следи полнење на лепчето. Врз долниот дел почнете да ги редите: марулата, цвеклото, ананас, доматот, кашкавалот, кромидот, плескавицата и јајцето. 

По ваша желба може да додадете и пржени компирчиња.

Добар апетит!

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2357 пати.

Коментари [1]

Prejadenа

Во несвест ќе паднам од хамбургеров, убав е, ама и силен. Еден ваков и два дена нема да јадам.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус