Хелда со зелка

01 април, 00:07

Хелдата е богата со железо и протеини и ако се внесува секојдневно по 1 порција ја зајакнува крвта, сиромашна е со маснотии и со калории. Тоа е енергетска хранлива намирница која по правило не спаѓа во житарките, но заради сличноста по нутритивната вредност со нив ја нарекуваат црно жито. Во себе има јаглени хидрати, белковини и билни масла.

 

 

Минерали:

- калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, флуор, селен и железо.
- Витамини од групата Б, витамин Е. 
- Есенцијална аминокиселина ЛИЗИН - одговорна за  растот на коските и обновувањето на крвта.

Присуството на РУТИН (СУПСТАНЦА НА ВИТАМИНОТ –П) влијае на нервните ќелии  и на крвниот систем. АРГИМИНОТ пак дејствува на намалување на стерилноста. Системот за варење добро ја поднесува што ја прави добра и подобна за оние што имаат проблеми со варењето на храната.
Се користи како зрно и брашно, додека лушпите служат за полнење на перници. Не го подигнува нивото на шеќер во крвта и затоа можат да ја користат и дијабетичари.

Лековити својства се:

- го зајакнува организмот
- ги подмладува крвните садови
- го отстранува заморот
- исушува
- загрева
- ја зголемува циркулацијата во нозете и рацете
- ја изградува крвта
- има диуретско дејство - помага во излачувањето на мочката
- ја зајакнува концентрацијата и меморијата - особено добра е за постари лица
- го намалува крвниот притисок
- ја лекува артериосклерозата 
- го поттикнува празнењето на цревата
- позитивно дејствува при лечењето на белите дробови и бубрезите
- допринесува за правилната работа на цревата
- особено се препорачува за старите лица, реконвалесцентите и за вегетаријанците бидејќи содржи протеини.

Уште од дамнина кај некои народи (Русите) вообичаено хелдата се јадела за појадок. Денот започнувал со каша од хелда или просо или овес или ориз  и тоа во слатка или солена варијанта сеедно, подготвувани во вода. Зошто било тоа така? Затоа што овие житарки даваат енергија која е најпотребна на почетокот на денот. 

Таа каша се приготвувала многу едноставно:

  • 1 шолја хелда
  • 2 шолји вода
  • малку путер  или маслиново масло
  • биозачин  или соја сос 

Хелдата се мие со лесни движења и заедно со водата се става да се вари на средна температура околу 20 мин. На крај се додава малку путер или маслиново масло и според вкус малку биозачин или соја сос. Вака подготвената каша може да се комзумира во комбинација со шолја јогурт, но исто толку добра е и без него.
 

 ХЕЛДА СО ЗЕЛКА

  • 150 гр. хелда потопена преку ноќ
  • ½ главичка зелка изрендана
  • ½ кафена лажичка ким - најдобро мелен
  • 1 кафена лажичка биозачин
  • сол по желба
  • 1 главичка цвекло рендано
  • ½ корен целер рендан
  • 1 - 2 супени лажици маслиново масло
  • ½ лимон - исцеден сок по желба

Сите состојки се мешаат во поголема чинија, се оставаат 5-10 мин. за да се спојат вкусовите.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 8022 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус