Занимливост, Интересно

Признание за песната која стана химна против апартхејдот

24 април, 15:53

Претстојниот викенд има особено значење за жителите на Јужна Африка кои на 27 април го слават Денот на слободата.

Овој национален празник се одржува секоја година во чест на слободата за која Африканците тешко се избориле, како и за спомен на првите слободни избори после апартхејдот на кои за претседател бил избран Нелсон Мандела.

Секоја година празникот се обележува со низа настани и активности, а оваа година ќе биде доделена специјална награда на еден музичар кој никогаш до сега не бил во Африка.

Имено, пред повеќе од 30 години британскиот музичар Џери Дамерс го објави синглот „Ослободете го Нелсон Мандела”. За кратко време синглот се искачи меѓу првите 10 во Британија, стана вистински хит во Европа и долго време беше на 1-то место на најслушани песни во Нов Зеланд.

„Ослободете го Нелсон Мандела” се слушаше дури и во Африка, иако во тоа време беше забранета. Набрзо, песната стана химна на Африканскиот народ во борбата против апартхејдот.

30 години подоцна, Африканскиот народ сè уште се сеќава на расната дискриминација со која се соочуваше во минатото, како и на сите оние добри луѓе кои на свој начин се обидуваа да му помогнат во борбата за еднаквост.

Џери Дамерс ќе го добие најголемото признание кое се доделува на луѓе кои направиле нешто корисно и добро за Африка.

Уживајте во песната која стана спомен и химна на една тешко издвојувана победа над злото.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1595 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 јануари

29 јануари
Во 1845 година, во неделниот весник New York Evening Mirror, била објавена „Гавранот”, легендарната поема на Едгард Алан По.        
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус