Хороскоп и Нумерологија

Исхраната и хороскопскиот знак

04 јануари, 00:00

Не секоја храна има подеднакво влијание врз сите луѓе. Повеќе фактори влијаат врз корисноста или штетноста на одредена храна или начин на исхрана врз организмот. Според астролозите, секој хороскопски знак има свој начин на исхрана.

 

 

 

Овен

Овните живеат брз живот. Кај нив мозокот е најзначајниот дел, затоа во својата исхрана треба да вклучат храна која е богата со витамини и дава енергија, значајна за мозокот. Родените во знакот на Овен се препорачува да конзумираат повеќе вегетаријанска храна. Во нивниот оброк може да има: спанаќ, морков, краставица, ротквици, кромид, зелка, јогурт, млеко, сирење, риба и друга храна богата со витамини и белковини.

Бик

Луѓето родени во знакот на Бик имаат атлетско тело, но бидејќи премногу уживаат во храната често имаат проблеми со грлото, срцето и дебелината.
Треба да избегнуваат мрсна храна и храна со многу шеќери. Во нивниот здрав оброк мора да има многу зеленчук, овошје, слати и лимон.

Близнаци

Функционирањето на овој знак се заснова на менталниот и нервниот систем. Луѓето родени во знакот на Близнаци најчесто страдаат од неправилна ментална функција и неправилна работа на дигестивниот систем. Поради тоа мозокот мора да добива голема количина на витамин Б преку исхраната со што ќе има поголема енергија. Како и оние кои се во знакот на Овен, така и оние во знакот на Близнаци треба да конзумираат вегетаријанска храна, со мали исклучоци.

Рак

Родените во знакот на Рак се големи љубители на храна, но имаат послаб дигестивен систем. Мора да внимаваат на својата исхрана со цел да не му наштетат на желудникот. Се препорачува избегнување на продукти кои создаваат киселини во желудникот, мрсна храна, храна со многу шеќери и алкохол. На нивното мени треба да има пред сѐ вегетаријанска храна, како и млеко. Слободно можат да конзумираат разни видови зеленчук, овошје, салати, лимон, ореви и риба.

За оваа група на луѓе многу е важно пред спиење навечер и по будење наутро да пијат вода.

Лав

Лавовите се многу енергични личности кои трошат големо количество на енергија во текот на денот. Лесно варливата храна за организмот помага за обезбедување на потребната енергија и за зголемување на хемоглобинот во крвта. Лицата родени во знакот на Лав дефинитивно мора да ја избегнуваат мрсната храна која предизвикува проблеми со дебелината и со срцето. За нив совршена исхрана е онаа полна со свежо и сушено овошје, зеленчук и храна полна со витамини.

Девица

Родените во знакот на Девица имаат слаб дигестивен систем, така што и мала неправилност во исхраната им предизвикува потешкотии. Храната која се конзумира треба добро да се вари и да се внесува полека и во помали количини. Оваа група на луѓе треба повеќе да се хранат со млеко, овошје, лесно варлива храна и помало количество ореви.

Вага

И оваа група на луѓе се големи вљубеници во храната, сакаат да пробаат од сѐ, но потоа имаат проблеми со дигестивниот систем. Мрсната храна, храната полна со шеќери и алкохолот не треба да ги има на нивното мени. Оваа храна може да предизвика и проблеми со бубрезите. Се препорачува што повеќе да конзумираат јаболка, смокви, млечни производи, морков, цвекло и грашок.

Шкорпија

Родените во знакот на Шкорпија целосно треба да ја избегнуваат храната која предизвикува дебелеење и ја забрзува циркулацијата, како што се кромид, лук и кокос. Треба да конзумираат помалку мастено млеко, лесна храна, овошје и зеленчук.

Стрелец

Овој огнен знак се карактеризира со зголемена агилност и активност. Родените во знакот на Овен за да можат да ги задоволат своите потреби со енергија мора да конзумираат храна богата со протеини. Вечерата мора да биде неколку часа пред спиење и задолжително треба да пешачат.

Јарец

Овој многу одговорен знак целата своја енергија ја троши на исполнување на своите одговорности. Оние кои се Јарец во хороскоп треба да конзумираат многу спанаќ, краставица, кокос и друга храна која обезбедува енергија.

Водолија

Родените во овој знак трошат многу енергија и ментално и физички. За нив секој оброк треба да изобилува со храна која ќе го зголеми нивото на енергија и крв во телото. За родените во знакот на Водолија важно е да конзумираат што повеќе: млеко, сирење, салата, риба, моркови и ротквици.

Риби

Родените во знакот на Риба секогаш си создаваат проблеми со неправилната исхрана или со честото прејадување. Мора да посветат повеќе внимание на исхраната, како на тоа што внесуваат, така и на тоа колкава количина внесуваат. Рибите треба да избегнуваат мрсна храна, храна со шеќери и алкохол. Повеќе треба да конзумираат млеко, риба, салати, овошје и зеленчук.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3312 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус