Хороскоп и Нумерологија
Што кажува вашата карта на раѓање за вас
Картите кои ги користиме за покер, реми, макао и останатите забавни игри некогаш одамна биле наменети за сосема друга цел.
Овие карти потекнуваат од еден древен систем сличен на Тарот и нивната главна цел била да укажат на некои карактерни црти на личноста.
Секоја карта претставува нечиј роденден и раскажува своја приказна.
Според денот и месецот на раѓање пронајдете ја својата карта и проверете дали ќе се пронајдете себеси во она што го кажуваат ѕвездите за вас.
Овој знак укажува на чувствителна, емоционална, сензуална личност која знае да даде поддршка и љубов и искрено се грижи за другите. Срцето се поврзува и со младоста, романтиката, креативноста, сензуалноста, само-уживањето и задоволството. Лицата родени во овој знак честопати се водени од своите емоции, па понекогаш емоциите владеат со нив наместо обратно.
Овие личности се љубопитни, комуникативни и креативни. Веруваат во моќта на своите идеи. Секогаш трагаат по вистината и смислата на нештата, ги контролираат своите емоции и не знаат за злоба. Овие лица честопати наоѓаат оправдување за однесувањето на другите и многу ретко ги осудуваат нивните постапки.
Лицата родени во овој знак се многу практични, склони кон аналитичност, лица кои цврсто стојат на земјата и на нештата гледаат со сите свои сетила. Нивната практичност им дава можеби малку негативен поглед на луѓето, предметите и дејствијата кои ги опкружуваат, бидејќи на сè околу себе гледаат низ призмата на практичноста, односно нештата ги ценат според тоа дали и колку може да ги применат во својот живот.
Паметни, вистински хуманитарци, вредни луѓе со силна волја, склони кон желбата за моќ. Лицата родени во овој знак покажуваат силна самодисциплина и имаат голема способност таа дисциплина да ја применат во секојдневниот живот, но понекогаш премногу се фокусираат на тој процес што малку се оддалечуваат од вистинските вредности на животот.
За значењето на бројот кој стои на вашата карта дознајте во вториот дел од картата на раѓање.
Додади коментар