Хороскоп и Нумерологија

Најдобрите карактеристики на мажите Ракови

20 јули, 07:17

Што е тоа што мажите родени во знакот на Рак ги издвојува од останатите знаци, па дури и од жените родени во овој знак?

Иако некои особини на лицата родени во знакот на Рак се заеднички и за двата пола, мажите имаат свои карактеристики кои вреди да ги знаете.

На прв поглед се срамежливи и повлечени и нема лесно да се отворат, па ќе ви треба извесно време за добро да ги запознаете. Мажите Ракови се многу чувствителни, приврзани и внимателни личности. Многу се грижат за туѓите чувства и внимаваат да не ги повредат другите.

Овие лица се многу интелигентни, но нивната емотивна страна честопати ја попречува нивната интелигенција. Наместо да размислат и да дејствуваат разумно, тие се потпираат на емоциите, па честопати може да донесат погрешни одлуки.

Создадени се за брачни другари бидејќи се силно приврзани за семејството и сакаат да се грижат за своите најблиски. Кога во домот владее пријатна семејна атмосфера, прекрасната енергија на мажот Рак доаѓа до израз.

Она што им е заедничко со жените Ракови е нивното повлекување во сопствениот оклоп. Ако мажот Рак се чувствува несигурен, ќе се повлече во себе и нема да преземе никаква акција. Оваа нивна особина честопати ги прави да изгледаат студени и незаинтересирани, но тие воопшто не се такви.

Променливото расположение е уште една особина која ја делат со жените Ракови, а она што на девојките сигурно нема да им се допадне е нивната приврзаност со мајките. Раковите или се премногу приврзани и блиски со мајките или едвај комуницираат со нив, па ако вашиот избраник е од оние приврзаните, ќе очекува да му угодувате како што тоа го прави неговата мајка.

Мажите Ракови се прекрасни личности, но мора да бидете внимателни со нив токму поради нивното променливо расположение и нивната ранливост. Запомнете, колку и да изгледаат студено и незаинтересирано, тие се емотивни души кои лесно се повредуваат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3883 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус