Хороскоп и Нумерологија

Што сакаат Раковите во кревет

15 јули, 06:33

Според она што го кажуваат ѕвездите, секој хороскопски знак има различни сексуални желби и фантазии.

Доколку вашиот партнер во хороскоп е Рак, еве неколку нешта кои луѓето со овој знак ги сакаат, кога станува збор за интимниот живот.

 

 

Допирајте ги по градите
Раковите навистина уживаат кога нежно се движите со дланките по нивните гради. Нежните бакнежи на овој дел од телото се исто така возбудливи и посакувани за Раковите.

Експериментирајте
Раковите сакаат да експериментираат и секогаш се подготвени да пробаат нешто ново, затоа, не двоумете се да го зачините љубовниот живот и да внесете новини во интимните моменти.

Уживаат кога се голи
Можеби не сте знаеле дека Раковите сакаат да го покажуваат своето голо тело и многу им е важно да покажете дека ви се допаѓаат токму онакви какви што се, со сите маани и недостатоци на голото тело. Секогаш кога ќе почувствувате дека им треба потсетување, кажете им колку се секси.

Бакнување и милување
Бидејќи се малку несигурни во себе, Раковите сакаат да почувствуваат дека се сакани и посакувани. Бакнувањето и милувањето се задолжителни, па преку страсни бакнежи покажете им колку се посакувани!

Убедете ги дека ви се допаѓа она што го прават
Кога станува збор за интимниот живот, на Раковите им е многу важно да знаат дека ви се допаѓа она што го прават, но исто така сакаат да почувствуваат дека она што вие го правите е она што навистина го сакате, без преправање. Едноставно сакаат да уживаат, но и да знаат дека и вие уживате.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3365 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

6 Јуни

6 Јуни

Во 1799 година, во Москва е роден познатиот руски поет и основач на модерната руска литература, Александар Сергеевич Пушкин.

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус