Хороскоп и Нумерологија

Стрелите на Питагора

12 јануари, 00:26

Можеби сте слушнале за философијата на Питагора и неговиот сојуз, за нивното верување дека основата на сè во светот е бројот. Но она што е поважно за нумерологијата е тоа што, тој сметал дека секој број има своја карактеристика и дека броевите и нивните релации можат да ги откријат главните карактеристики на личноста- слабостите и доблестите.

Веќе објаснивме како да ги внесете броевите од роденденот во квадратот на Ло Су (погледнете Западна кинеска нумерологија – 1 дел). Но овој квадрат има уште еден аспект на интерпретација.

Редиците во квадратот го претставуваат нашето физичко тело, од деловите се изведени и карактеристиките на личноста. Првата редица ја означува главата – менталниот склоп, втората редица го симболизира торзото, третата редица ги претставува рацете и нозете. Додека колоните означуваат кои чекори ги преземаме за да дојдеме до некоја идеја и да ја реализираме. На сликите се претставени сите можни појавувања на стрелите и начинот на бележење.

 

 

За да ги означите Стрелите на Питагора најпрво пополнете го квадратот (пр., доколку вашиот датум на раѓање е 30.06.1985 ги внесувате следните броеви: 3, 6, 1, 9, 8, 5)

Нормално, во квадратот, како што е во примерот, може да се појават повеќе стрели. 

1>4>7 Физички: Овие броеви укажуваат на силна физичка подготвеност, сила и добро здравје. Сите броеви укажуваат на непрактичност и ексцентричност.

2>5>8 Емотивност: Оваа низа на броеви припаѓа на емоционално урамнотежена, уметничка и многу осетлива личност. Ако еден број недостига тогаш поседувате различни степени на емотивна збунетост и прекумерна осетливост.

3>6>9 - Интелект: Оваа линија ве прикажува како интелигентни, интелектуални и креативни. Исто така, укажува дека добро расудувате. Ако ви недостига некој од броевите укажува на спротивното, слабо расудување.

1>2>3 Мисли: Оваа низа обожава ред, добро планирање и има добри организациски вештини и административни способности. Ако ви недостига некој од броевите укажува на забуна и неред.

4>5>6 Волја: Ја поседувате одлучноста, можете да имате се што посакувате, имате силна и развиена волја. Ако ви недостига некој од броевите, наклонети сте кон фрустрација, разочарување и несигурност во одлуките.

7>8>9 Светоглед: Овие броеви ја претставуваат енергијата ентузијазмот. Доколку недостига некој од броевите веројатно сте летаргични, неактивни, мрзливи со апатично однесување.

1>5>9 Волева моќ: Трпеливоста, истрајноста и одлучноста се силната страна на овие броеви. Ако сте срамежливи ова укажува дека недостаток на мотивација, цел, помиреност и неодлучност.

3>5>7 - Духовност: Оваа низа укажува дека сте милосливи, имате духовна самосвест, смирение. Доколку недостига некој од броевите: слабо разбирање на духовноста, недостаток на емотивна свесност.

 


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 6217 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус