Храброст

18 декември, 03:29

 

 

 

 

 

 

Две зрнца семе од цвеќе, во пролет, лежеле едно до друго во плодна почва и разговарале:

Првото семе рекло: 

„Сакам да растам! Сакам своите корени да ги пуштам длабоко во земјата под мене, своите мали и тенки стебленца да ги пуштам да растат над почвата која ме покрива. Сакам да ги развијам своите пупки и да го најавам доаѓањето на пролетта. На своите листови сакам да ја осетам топлината на сончевите зраци и убавината на утринската роса.”

Така и се случило.

Второто семе рекло:

„Се плашам. Ако ги пуштам своите корени длабоко во земјата под мене, не знам до каде ќе стигнам. Ако се пробијам низ почвата што е над мене, можам да ги оштетам моите кревки стебленца. Ако ги развијам моите пупки, некое животинче може да ги изеде. А што ако расцветам и некое дете ги скине моите цветови? Подобро е да чекам тука каде што сум, додека не се створат безбедни услови за мене. ”

И така второто зрнце чекало.

Една кокошка чепкајќи по земјата и барајќи храна, го изела зрнцето кое ги чекало идеалните услови за него.

Животот им се радува на храбрите и ги голта оние кои се плашат.

Затоа немојте да се плашите и бидете храбри во своите потези.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2795 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Октомври

29 Октомври

Во 1944 - та година, во Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на „Нова Македонија” на македонски јазик.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус