Занимливост, Убави нешта

Храмот Angkor

27 декември, 14:32

Храмот Angkor или попознат како „Та Prohm” се наоѓа во Камбоџа, во провинцијата Siem Reap.
Изграден е во доцниот 12-ти и почетокот на 13-от век.
Се наоѓа на еден километар источно од Angkor Thom и изграден е од кралот Jayavarman VII.
Неговата првична намена била да се користи како будистички манастир, а подоцна и како универзитет.
Интересно за овој храм е тоа дека и ден денес се наоѓа во многу добра состојба, многу добро е сочуван, дури може да се каже дека скоро е ист и непроменет како од времето кога е повторно откриен, за разлика од повеќето денешни храмови.
УНЕСКО го впишал Angkor во листата за светско наследство.
Во Angkor на едно место се испреплетени мистиката, традицијата, митовите, џунглата, зеленилото и вегетацијата.
Фактот дека е изграден буквално на дрвја, овој храм го прави најпосетуван од сите кои ги има во Камбоџа воопшто.
Посетителите од сите страни на светот одат во Камбоџа за да ги погледнат убавините на Angkor и на моменти се потсетуваат на филмот „Tomb Raider” чии делови се снимени токму на оваа локација.

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2002 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус