Занимливост, Убави нешта

Храмот пештера во Бату

22 јуни, 10:13

На само 13 километри северно од Куала Лумпур кој се наоѓа во Малезија, во областа која се вика Gombak, се наоѓа варовнички рид, на кој има неколку пештери и пештерски храмови.

Овие пештерски храмови се едни од најпопуларните хинду светилишта кои се наоѓаат надвор од Индија и токму тие се фокусна точка на хинду фестивалот Thaipusam, кој што кон крајот на месец јануари и почетокот на февруари, се одржува на ова место.

Овие светилишта го добиле името Бату по истоимената река, која во минатото течела токму на варовничкиот рид.

Пештерскиот световен комплекс се состои од три главни пештери и неколку помали пештери.

Пештерата која се наоѓа на најголема висина во однос на сите други останати пештери е „Храмот пештера” која е најголема по површина и има многу висок и раскошен плафон, па затоа претставува едно од главните хинду светилишта во овој регион и пошироко.

Верниците и посетителите за да можат да ја видат оваа главна Бату пештера, треба да се искачат по точно 272 скалила.
На скоро иста висина се наоѓаат и „Уметничката галерија” и „Музејската пештера” кои после „Храмот пештера” се едни од позначајните световни објекти.

Во сите пештерски храмови во Бату се наоѓаат огромен број на хинду статуи и слики.

Погледнете ги овие прекрасни и неверојатни Бату пештерски светилишта кои претставуваат центар и појдовна точка на хинду религијата.

Храмот пештера во Бату, Hramot pestera vo Batu

Храмот пештера во Бату, Hramot pestera vo Batu

Храмот пештера во Бату, Hramot pestera vo Batu

Храмот пештера во Бату, Hramot pestera vo Batu

Храмот пештера во Бату, Hramot pestera vo Batu

Храмот пештера во Бату, Hramot pestera vo Batu

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1982 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус