Здравје, Здрави навики

Храна која ги топи килограмите

23 јули, 12:30

Летото е веќе во својот полн ек, а вие сѐ уште мака мачите со непосакуваните килограми. Нервозни сте и по малку депресивни бидејќи не можете да го облечете вашето омилено летно фустанче. На очајувајте бидејќи постои решение за секој проблем, па и за овој.

Покрај физичката активност како вежбањето, пешачењето, аеробикот, фитнесот и многу други кои многу успешно се справуваат со непосакуваните килограми, голем удел има и храната, но правилно избраната храна, благодарение на која килограмите многу полесно и побрзо се топат.

До сега неколку пати спомнавме дека овошјето и зеленчукот треба да бидат колку што е можно повеќе застапени на трпезата во периодот додека внимаваме на исхраната, но во продолжение информирајте се која друга храна исто така е ефикасна во намалувањето на килограмите.
​Покрај што ги елиминира масните наслаги оваа храна исто така и го чува општото здравје на организмот како резултат на нејзиниот нутритивен состав.


- цимет - гледајте да го употребувате во храната во која што одговара, како чај, кафе, сутлијач, каша, овесни снегулки и друго, бидејќи една супена лажица цимет содржи само 16 калории. 
Секаде каде што можете белиот шеќер заменете го со цимет. 
Едно испитување покажа дека без примена на било каква диета, доколку редовно се консумира овој зачин, за една година се губат од килограм до два. 
Исто така е докажано и потврдено дека циметот е заштитник на срцето затоа што со внесена половина лажичка цимет секој ден се намалува холестеролот за 18 а триглицеридите за 30%. 


- лут сос - за намалување на зголемените маснотии во крвта најдобро е да се консумираат лути зачини. Состојката која на фефероните му ја дава лутината има можност веднаш после внесувањето во организмот преку оброкот, да ја исчисти крвта од инсулин. Покрај оваа способност истата состојка го забрзува и процесот на топење на мастите во телото.


- ореви - желбата за грицкање помеѓу оброците ублажете ја со грицкање на неколку ореви.
Оревите се богати со омега 3 масни киселини и подолго време организмот го одржуваат сит. 
Покрај што делуваат на намалување на килограмите, оревите исто така делуваат и на намалување на телесната маснотија.
Овие јаткасти плодови исто така помагаат за намалување на нивото на инсулин во крвта и одржување на маснотиите на нормално ниво, па поради тоа најмногу се препорачуваат за луѓето кои страдаат од дијабетес.


- ленено семе - изобилува со билни влакна и „добри” маснотии, па поради тоа помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Одличен додаток е во секоја супа, салата и житарки, а исто така може да се додава и во мафини и други колачи. Најдобро е да се користи ситно мелено ленено семе бидејќи во таква форма побрзо се вари во желудникот.
Овој исклучително здрав зачин во голема мера помага во намалување на килограмите и најдобро е да се консумира навечер.
Во 3 до 4 лажици кисело млеко ставете 1 лажица ситно мелено ленено семе, промешајте и тоа нека ви биде вечера.


- лосос - познато е дека рибата е една од најздравите видови на храна која треба да се консумира барем два пати во неделата. Сега кога уште ќе дознаеме дека истата е богата со витамин Д кој е многу важен за намалувањето на килограмите, треба колку што е можно во поголема мера да ја консумираме.
Со недоволно внесена количина на витамин Д не може да се регулира апетитот, па чувството на глад е многу поприсутно.
Овој драгоцен витамин во големи количини покрај во лососот го има и во туната, сардината и скушата. Затоа јадете риби и борете се со непосакуваните килограми.


Летото е време кога треба да се јаде повеќе овошје и зеленчук и да се пие повеќе вода.
Сега кога знаете која храна помага во намалување на килограмите покрај овошјето и зеленчукот консумирајте ја и неа.

Хранете се здраво, слабејте здраво и уживајте во храната без гладување. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3438 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус