Здравје, Здрави навики

Храна која помага во намалување на тежината

19 јануари, 09:46

Оние кои мора да внимаваат на килограмите и да се придржуваат до одредени диети постојано се соочуваат со чувството на глад кое лесно може да ги одврати од решеноста да ја намалат тежината. 

Некои намирници се вистински борци против гладот, ви даваат чувство на ситост, а не содржат многу калории. 

Кога гладот ќе стапи на дело, реагирајте на време и залажете го! 

 

  • Варени јајца 

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат варени јајца за доручек подолго време не чувствуваат глад и јадат помалку во текот на денот, со што губат тежина. 

  • Супи и чорби 

Порција топла супа пред ручек ќе предизвика чувство на заситеност, помалку ќе јадете и ќе внесете помалку калории. Зеленчуковите супи, супите со печурки и пилешките супи се одлични за борба против калориите. 
Ист ефект се постигнува и со голема порција салата пред ручек. 

  • Варени компири 

Можеби ќе се изненадите, но варените компири се на прво место на листата на храна која долго време ни дава чувство на ситост, а притоа не внесуваме многу калории. Компирите се високо над интегралниот леб, оризот и бананата. 

  • Јаболка 

Освен што го помагаат варењето на храната, јаболката дават и чувство на ситост, па со нив лесно може да го залажете организмот и да не чувствувате глад. 

  • Портокали 

Споредени со бананите, портокалите се далеку подобар избор кога внимавате на килограмите, а сакате да ја ублажите гладта. 
Портокалите содржат големо количество на вода, па со малку калории ќе се чувствувате заситени. 

  • Пуканки 

Кога сакате нешто да грицкате меѓу оброци, пуканките се вистински избор. Содржат далеку помалку калории од чипсот и другите грицки, а содржат и хранливи влакна со што спаѓаат во здрава храна. 

Иако нема да ве нахранат, сите овие намирници ќе ви помогнат барем за некое време да не мислите на храна, а доколку ги комбинирате со физичка активност, ќе бидете на вистинскиот пат во борбата против килограмите. 

Среќно! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3843 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус