Здравје, Здрави навики

Храната богата со растителни влакна го продолжува животот

28 август, 06:58

 

 

 

 

 

 

Поимот растителни влакна обично асоцира на житарки, кои најчесто се јадат за појадок.

Растителните влакна кои се од голема важност за здравјето на луѓето, не ги има само во житарките, нив ги има и во многу други видови на овошје и зеленчук.

Но дали сите ја знаеме важноста на растителните влакна и улогата која тие ја имаат за здравјето на организмот? Дали внесуваме доволно растителни влакна секој ден?

Растителните влакна се клучни за одржување на здравјето на организмот.
Тие помагаат во одржувањето на нормалната функција на системот за варење.
Позитивно делуваат на здравјето и се корисни во превенцијата и лекувањето на хроничните заболувања.

Консумирањето на храна богата со растителни влакна е поврзано со помал ризик од развој на шеќерна болест, дебелина или некои видови на рак.

Последните медицински истражувања на темата растителни влакна покажаа дека поголемиот процент растителни влакна во исхраната може значително да го продолжи животот.

Спомнавме дека ги има во многу видови овошје и зеленчук, но овие се петте најчести извори на влакна:

  • лушпите од јаболката и крушите изобилуваат со растителни влакна, во нив има повеќе од 30% растителни влакна, па затоа во иднина немојте да ги лупите овие овошки, јадете ги со се лушпа;
  • внатрешната бела кожичка од портокалот е богата со растителни влакна, затоа не ја отстранувајте кога ќе јадете портокал;
  • сувото овошје изобилува со растителни влакна, затоа редовно јадете го;
  • грашокот, морковот, гравот, компирот, брокулата, пченката, спанаќот, блитвата и зелената салата се одлични сојузници на доброто варење на храната бидејќи изобилуваат со голем процент на растителни влакна;
  • од сите жита и житарки овесните снегулки содржат најмногу растителни влакна, затоа јадете ги многу почесто.      

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 17570 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус