Здравје, Здрави навики

Храната со виолетова боја е извор на здравје

20 август, 06:24

Виолетовата боја не е вообичаена кога станува збор за храната. Многу малку природни производи имаат виолетова боја, но токму тие се вистински извор на здравје.

Нивната лековитост доаѓа од пигментот антоцијанин, моќен антиоксиданс неопходен за добро здравје.

Зеленчукот и овошјето со виолетова боја се богати и со флавоноиди – уште една неопходна состојка за организмот.

Благодарение на својот состав, храната со виолетова боја го штити срцето и крвните садови, одлично делува како превенција од рак, го подобрува помнењето и помага да се спречи предвременото стареење на организмот.


Црните патлиџани, црвената зелка, сливите, грозјето, смоквите, боровинките и капините се вистински избор на храна со виолетова боја.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 635 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Атлетичарите се соблекоа за ESPN

2014-07-14 11:43:19
Атлетичарите се соблекоа за ESPN

Дека убавината доаѓа во сите форми и големини најдобро покажува магазинот ESPN кој во својот дел посветен на телото шеста година по ред им оддава почит на атлетичарите и спортистите.

© 2014 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус