И мала помош е од голема корист

30 декември, 01:28

Некој човек во квечерината на денот се шетал по една од многуте преубави плажи во Мексико.
Шетајќи се така забележал силуета на човек кој бил прилично оддалечен од него.
Бидејќи немало никој друг на плажата, решил да се приближи до него и да види што прави. Како што одел поблиску до него, забележал дека човекот, кој најверојатно бил од тој крај, се наведнувал, земал нешто од на земја, се исправал и тоа нешто што го подигнувал од на земја го фрлал во водата.
Кога се приближил уште повеќе до него, забележал дека човекот земал една по една морска ѕвезда кои водата ги исфрлала на песокот и ги враќал назад во водата.
Бидејќи човекот бил збунет од неговата постапка го прашал зошто го прави тоа. Другиот човек му одговорил:

„Сите овие морски ѕвезди ги враќам назад во океанот. Знаете, сега осеката е многу голема и сите овие морски ѕвезди, по заслуга на природните појави кои се случуваат во природата, останале на суво, без вода. Ако не се вратат назад во водата, во океанот, сите ќе изумрат”.

„Добро, ве разбирам, но на плажата има илјадници вакви морски ѕвезди кои се на суво. Не можете сите нив да ги вратите во вода. Премногу се. Освен тоа оваа појава се случува на уште други стотици плажи ширум целиот свет. Зарем не гледате дека ништо не можете да направите?”

Човекот само се насмевнал, се наведнал, зел уште една морска ѕвезда и враќајќи ја неа назад во водата рекол: 

„Еве барем за оваа морска ѕвезда направив нешто добро”.
 
Поуката која треба да се извлече од оваа поучна приказна е многу јасна и едноставна. 

Не треба многу лесно да се откажуваме од работите кои на прв поглед ни изгледаат дека е невозможно да се решат. 
Колку што можеме треба да се потрудиме барем нешто да направиме. 

Ова е навистина вака и важи за сите сегменти од животот.

Човекот во приказната направил големо добро кога ги враќал морските ѕвезди во водата, знаел дека не може да ги спаси сите нив, но барем ги спасил оние кои можел. 

Неговата совест е чиста и нема никакви грижи, бидејќи знаел дека помага и дава од себе онолку колку што можел во тој момент.

Доколку сите ние почнеме да го следиме неговиот пример, доколку почнеме барем малку да помагаме на оние на кои тоа им треба, доколку несебично почнеме да даваме дел од нас, светот ќе биде едно многу поубаво место за живеење, а сите ние во него ќе бидеме рамноправни и посреќни.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4326 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус