Мој предлог, Книга

Играта на ангелите - Роман кој ќе ве воодушеви

26 јануари, 03:22

Дали тоа што ни се случува во животот е резултат на нашите постапки и слободната волја, или пак прсти вмешале некои виши сили кои нѐ водат и ни го покажуваат патот?

„Играта на ангелите” е дело на Лилјана Хабрановиќ Џуровиќ, роман кој ќе ве воодушеви, ќе ве замисли и ќе ви отвори еден сосема поинаков поглед на животот, враќајќи ве кон духовната страна на она што го нарекуваме човечко постоење и дејствување.

Романот е приказна за кнегињата Милица, историска личност која во минатото владеела во Србија, жена која на секој начин се обидувала да издвои триумф над сите тешкотии со кои ја соочувал животот, мајка која жртвувала многу за доброто на своите деца, но и за народот во чие име владеела.

Романот воодушевува со духовноста претставена токму преку Милица и нејзиниот сопруг, зборува за вербата во Бога, за силата на молитвата, за љубовта и надежта.

Прекрасна и потресна приказна која ќе ве направи побогати за едно ново, духовно искуство.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3029 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус