Позитива, Поучни приказни

Играта на две пеперутки

27 јули, 07:00

 

 

 

 

 

 

Две пеперутки беа вљубени една во друга. 

Еден ден додека си играа криенка, машката пеперутка предложи да играат нова игра. Условот беше: Утредента, оној кој ќе слета прв во цветот над кој штотуку надлетуваа ќе докаже дека го сака другиот повеќе. Женската пеперутка веднаш се согласи. 

Наредниот ден рано наутро, машката пеперутка слета до цветот и чекаше да се отвори за прв да слета во него. 
Конечно цветот се отвори, но...
Женската пеперутка беше умрела внатре. Таа останала внатре цела вечер, за утрото, штом тој ќе пристигне, да му каже колку многу го сака. 

Верувајте во љубовта на оној кој ве сака, без да барате доказ. 
Да љубиш значи да живееш!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4096 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус