Мој предлог, Книга

Зошто вреди да се прочита „Inferno” на Ден Браун?

18 јуни, 06:27

Последниот светски бестселер на Ден Браун, трилерот „Пеколот” (Inferno), е роман кој навистина вреди да се прочита. 

Ако со „Кодот на Да Винчи” Ден Браун нè поведе на едно незаборавно патување во светот на симболите, кодовите и тајните скриени во делата на Да Винчи, притоа поткопувајќи ја основата на христијанството, овој пат авторот нè води на едно ново незаборавно патување на кое главна водилка е ремек-делото на Данте Алигиери, „Пеколот”.

Главниот јунак повторно е професорот Роберт Ленгдон, приказната е динамична, интересна и крајно неизвесна, но она што оваа книга ја прави толку посебна е прошетката низ некои од најубавите музеи и цркви во Фиренца и Венеција.

Ден Браун толку сликовито ги опишува скулптурите, делата на познатите мајстори, музеите и црквите, што имате чувство дека ги гледате пред себе, дека за миг сте се нашле во Фиренца или Венеција и се шетате по прекрасните Боболи Градини, влегувате во Палатата Пити (еден од најпознатите музеи во Фиренца) или пак чекорите по мостот Риалто во Венеција, мост кој крие една легенда, за која многумина веруваат дека е вистина...

„Inferno” е роман кој ќе ви открие делови од „Пеколот” на Данте, но и од животот на овој познат поет, ќе ве доближи до светот на уметноста и ќе ви открие многу интересни нешта за некои од најголемите ремек-дела.

Ако никогаш не сте биле во Фиренца или Венеција, овој роман е одлична можност да ги откриете најубавите места кои со децении се омилени туристички дестинации.

На оние љубопитните, оние кои се воодушевуваат на сè она што значи уметност и историја, романот може да им послужи како мапа по која ќе ги прошетаат Фиренца и Венеција преку фотографии.

Ова се само дел од прекрасните знаменитости кои може да ги пребарувате додека уживате во приказната на „Inferno”.

Зошто вреди да се прочита „Inferno” на Ден Браун, кодот на да винчи, ангели и демони, изгубениот симбол, данте, венеција, фиренца, venecija, firenca, dante, kodot na da vinci, angeli i demoni, пекол
Градините Боболи, прекрасен парк збогатен со скулптури од најголемите мајстори на уметноста.

Зошто вреди да се прочита „Inferno” на Ден Браун, кодот на да винчи, ангели и демони, изгубениот симбол, данте, венеција, фиренца, venecija, firenca, dante, kodot na da vinci, angeli i demoni, пекол, свети јован
Црквата - крстилница „Свети Јован” во Фиренца, место каде меѓу останатите познати личности од Фиренца, во минатото бил крстен и Данте Алигиери.

Зошто вреди да се прочита „Inferno” на Ден Браун, кодот на да винчи, ангели и демони, изгубениот симбол, данте, венеција, фиренца, venecija, firenca, dante, kodot na da vinci, angeli i demoni, пекол
„Портите на рајот”, бронзените порти на Црквата - крстилница „Свети Јован”, кои прикажуваат мотиви од Библијата.

Зошто вреди да се прочита „Inferno” на Ден Браун, кодот на да винчи, ангели и демони, изгубениот симбол, данте, венеција, фиренца, venecija, firenca, dante, kodot na da vinci, angeli i demoni, пекол
Прекрасната Базилика „Свети Марко” во Венеција.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6569 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус