Здравје, Здрави навики

Информирајте се колку е штетна микробрановата печка

03 октомври, 06:51

Постојат повеќе причини зошто не треба да се употребува микробранова печка.

Земјите како што е Русија, веќе од 1976 година забраниле употреба на микробрановата печка во домаќинствата, притоа знаејќи колку штета предизвикува врз здравјето.

Но, развојот на технологијата и алчноста по пари луѓето секогаш ги ставаат пред здравјето што е многу погрешно, па така произведуваат штетни производи кои ги има во скоро сите домаќинства и кои го нарушуваат здравјето на членовите на семејствата, без тие да знаат и да се свесни за тоа.

Колку всушност е штетно зрачењето со кое микробрановата печка во рекордно време ја загрева храната дознајте и самите.

  • Храна која се третира во микробранова печка губи од 60 до 90% од својата нутриционистичка вредност, со што се забрзува процесот на распаѓање на структурата на самата храна;
  • Микробрановата печка е причина за создавање на канцерогени клетки во млекото и житарките кои се загреваат во неа;
  • Микробрановата печка темелно ја менува структурата на храната, така да како резултат на тоа настануваат проблеми со варење на таквата храна во организмот;
  • Микробрановата печка предизвикува хемиски промени во храната што доведува до неправилно функционирање на лимфниот систем во организмот, а последователно на тоа настанува неспособност на телото да се заштити од растење на тумори кои би се појавиле во него;
  • Храната внесена во организмот откако се загреала во микробранова печка ги зголемува шансите за неколку илјади пати да се појават канцерогени ќелии во крвта;
  • Микробрановата печка ги уништува основните елементарни супстанции во храната и влијае на слободните радикали.
  • Храната која се употребува после загревање во микробранова печка ја намалува способноста на телото да ги искористи Б, Ц и Е витамините;
  • Месо кое се загрева во микробранова печка содржи агенси кои се причинители на рак.

Овие податоци имајте ги секогаш на ум кога ќе посегнете по микробрановата печка.
Наместо да ја користите и сериозно да му нанесете штета на здравјето, замрзнатата храна оставајте ја самата да се одмрзнува по природен пат, а храната која до сега по навика сте ја подгревале во микробранова печка, подгревајте ја во обична рерна. Така природно и здраво ќе се храните и нема да имате здравствени проблеми кои ги предизвикува употребата на микробранова печка. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6721 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус