Техно Свет, Автомобили

PAMU – интелигентен автомобил на иднината

26 февруари, 06:29

Има ли граници развојот на технологијата? Се чини дека сè што човекот ќе замисли, за одреден период станува реалност.

Неодамна Рено го претстави својот PAMU, интелигентен автомобил кој самиот си управува, се вклучува во сообраќајот и си бара слободен паркинг.

Со телефонски повик кажувате каде сакате да ве чека автомобилот, добивате картичка со која го отклучувате, го возите до саканата дестинација и толку. Не се грижите дали и каде ќе паркирате, автомобилот продолжува без вас, си наоѓа паркинг и ве чека. На ваш повик доаѓа по вас, си се враќате дома, а интелигентното возило си се враќа во базата.

Толку е совршено што има можност да реагира на пешачки премин и може да се каже дека е најбезбедниот учесник во сообраќајот.

Автомобилот сè уште е во експериментална фаза, а идејата на конструкторите е еден ден ова паметно возило да ги замени компаниите кои нудат услуги за паркирање.

Погледнете како изгледа едно возење со PAMU.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2397 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус