Интересно

Актерите кои се криеа зад маската на Бетмен

04 април, 15:00

 

 

 

 

 

 

Бетмен, човекот лиљак, неуморно бдее над Готам уште од далечната 1943 година кога за прв пат се појави на големото платно.

Ви ги претставуваме актерите кои ја носеа маската на Бетмен и му даваа живот на овој лик сите овие години.

 

Луис Вилсон – првиот актер кој се појави во серијалот за Бетмен во 1943 година.

 

Адам Вест – се појави во ТВ серијата и филмот „Бетмен” во 1966 година.

 

Мајкл Китон – два пати ја носеше маската на човекот лиљак, во „Бетмен”(1989) и во „Враќањето на Бетмен”(1992).

 

Вал Килмер – уште еден актер на кој маската одлично му прилегаше. Го толкуваше ликот во „Бетмен засекогаш” во 1995 година.

 

Џорџ Клуни – шармантниот актер ја стави маската за улогата во „Бетмен и Робин”, филм од 1997 година.

 

Кристијан Бејл – актуелниот Бетмен се појави во трите филма на режисерот Кристофер Нолан, во „Почетокот на Бетмен”од 2005, „Црниот Витез” од 2008 и „Издигнувањето на Црниот Витез”, 2012.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3524 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус