Интересно

Детството на Робин Ријана Фенти

16 август, 22:02

Робин Ријана Фенти е родена на 20 февруари 1988 година на Карибските Острови во Барбадос. Потекнува од петчлено семејство, нејзината мајка работи како книговодител, а татко ѝ e магационер.
Лошите семејни односи ѝ создаваат големи проблеми уште во најраните години. Нејзиниот татко станува зависник од кокаин и алкохол, поради што семејството на Ријана се распаѓа. Кога Ријана имала 14 години нејзините родители се разделиле. По овaј настан таа се повлекува во себе и не разговара за своите чувства и проблеми со никого. Нејзиното однесување ги загрижува и нејзините наставници.
Сакајќи да се ослободи од семејните проблеми и да започне свој поинаков живот, Ријана заедно со две свои соученички формира женска музичка група. Токму тоа е вистинската пресвртница во нејзиниот живот. Случајно, една од нивните изведби ја проследува музичкиот продуцент Еван Роџерс кој се воодушевува од талентираноста и изгледот на ова девојче. По само една година, на свои 16 години Ријана започнува со снимање на својот демо албум во соработка со Еван. При заминувањето од Барбадос, Ријана изјавува дека не сака да погледне назад бидејќи ќе го прави тоа што го сака, па дури и по цена да замине за Америка. Таа не се откажува.
Денес, Ријана се вбројува во групата на најпознатите женски музички артисти.
Но, за жал, приказната од нејзиниот татко се повторува. Во медиумите сè погласно се шпекулира за нејзините пороци и нестабилниот љубовен живот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1959 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус