Интересно
Девојчето „Могли” од африканскиот див свет
Приказната за Могли од џунглата прерасна во вистинска животна приказна.
Имено, станува збор за книгата „Типи од Африка” која ја напишале и составиле родителите на Типи - девојчето кое целото свое детство го поминало во дивините и саваните во Африка, дружејќи се со сите видови на диви животни.
Малата Французинка Типи Дигри е родена во Намбија, но бидејќи нејзините родители биле професионални фотографи кои сликале диви животни, Типи целото нејзино детство го поминала во дивата Африка.
Нејзини верни другари биле слонови, гепарди, мајмуни, гуштери, жаби, змии, лавови, зебри, жирафи, крокодили и многу други диви животни кои станале дел од нејзиниот живот, без кои таа не можела да замисли да помине ниту еден ден. Тие биле нејзините најверни пријатели, другари, роднини, браќа и сестри.
Сега, кога Типи има дваесет и три години, со задоволство се сеќава на нејзиното невообичаено детство, прелистувајќи го подарокот од нејзините родители, книгата „Типи од Африка” во која се ставени сите фотографии од малата Типи и нејзините интересни пријатели.
Погледнете и вие дел од тие фотографии и восхитувајте ѝ се на малата и храбра Типи.
Додади коментар