Интересно

Неверојатни животински камуфлажи

16 март, 09:58

Еволуцијата на сите животински видови кои живеат во природата се случува долго време, време во кое некои видови на животни преминуваат од еден во друг вид, или ја променуваат својата боја и форма.

Самата околина во која што живеат, вода, планина, река, дрво и друго, ги тера некои видови на животни да направат одредени промени на своето тело, со цел успешно да се сокријат од непријателите и грабливците кои демнат околу нив.

Совршената камуфлажа која ја прават некои животни, на момент ќе ве натера да се запрашате дали на фотографиите кои ќе ги видите во статијата воопшто има некое животно, или на нив има само листови и дрва?

Секој наш обид преку кој се обидуваме да разбереме како функционира и по кои принципи се раководи мајката природа, останува енигма.

Таа многу успешно и беспрекорно си ја извршува својата функција, заштитувајќи ги видовите на животни на кои им е потребна таа заштита, како од останатите животни, така и од љубопитноста на човекот.

Преку фотографиите погледнете го триумфот на природата, погледнете на што сѐ е подготвена и како заштитува одредени животни, со цел да го продолжи нивниот животен век и да ги задржи во својата утроба колку што е можно подолго време.

Анализирајте ги фотографиите сѐ додека не го забележите животинскиот вид на нив. Можеби ќе ви треба малку повеќе време, но верувајте дека вреди да се потрудите.

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, gasenica, гасеница
Гасеница на лист
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, риба шкорпион, riba skorpion
Риба шкорпион
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, morsko konjce, морско коњче
Џуџесто морско коњче
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, був, buv
Був
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, morski zmej, морски змеј
Лиснат морски змеј
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, молец, molec
Молец
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, morska riba, морска риба
Камена морска риба
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, пеперутка, peperutka
Пеперутка со изглед на сув лист
 

Неверојатни животински камуфлажи, Neverojatni zivotinski kamuflazi, guster, гуштер
Гуштер со форма на сув лист


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5500 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус