Интересно

Незаборавните улоги на Дензел Вашингтон

17 април, 10:51

Неговата искрена насмевка, харизматичноста, и секако, неверојатниот талент кој го поседува, го вбројуваат Дензел Вашингтон меѓу најдобрите холивудски актери на сите времиња.

На приватен план тој е семеен човек, христијанин со силна вера, голем хуманист и донатор на огромни парични износи во хумани цели.

 

 

Иако кариерата ја започнува во 1974 година, првата позабележителна улога ја има во серијата „St. Elsewhere”, каде од 1982 до 1988 го толкува ликот на докторот Филип Чендлер.

st elsewhere,denzel washington, дензел вашингтон

Во 1984 година се појавува во споредна улога во филмот „A Soldier's Story”, воена драма која беше номинирана за Оскар.

A Soldier's Story,denzel vasington, дензел вашингтон

Улогата на африкански активист во „Cry Freedom” од 1987, му носи номинација за најдобар актер во споредна улога.

cry freedom, denzel vasington, дензел вашингтон

Во 1989 година се појавува во воената драма „Glory”, во улога на војникот Трип. Оваа улога наредната година му го носи и првиот Оскар за споредна улога.

glory, denzel vasington, дензел вашингтон

denzel va[ington, oscar, дензел вашингтон

Првата номинација за Оскар за главна улога ја добива за улогата во филмот на Спајк Ли „Malcolm X”, каде го глуми истоимениот националистички лидер. Оваа улога му донесе и номинација за Глобус и 7 награди.

denzel washington, malcom x, дензел вашингтон

Во 1993 година, Дензел се појави во „Philadelphia”, филм кој проговори за обесправеноста на заболените од СИДА. Филмот постигна голем успех, а Дензел и Том Хенкс беа номинирани за најдобра филмска двојка.

philadelphia,denzel vasington, дензел вашингтон

Во 1998 година Дензел ги остави своите отпечатоци во Кинескиот театар во Холивуд и стана 193 личност која ја имаше честа да биде дел од оваа церемонија.

denzel vasington, дензел вашингтон

Вистинската приказна за боксерот Рубин Картер раскажана во „The Hurricane” (1999) беше трогателна и носеше длабока порака. Дензел одлично го долови животот на „Ураганот” Картер, а улогата му донесе Златен Глобус за најдобар актер, Сребрена мечка, награда за посебни достигнувања во филмската уметност, како и номинација за Оскар, за САГ награда за посебни достигнувања и номинација за најдобар актер на Филмската асоцијација на критичари од Чикаго.

Denzel Washington, hurricane, ураганот

Наредните години остварува одлични улоги во „Training Day” (2001) за која освојува Оскар, „John Q” (2002), потресната драма за таткото кој се обидува да го спаси болниот син, „Man on Fire” и „The Manchurian Candidate” (2003), „The Book of Eli” (2010), „Safe House” (2012).

Во 2012 се појави во „Flight”, улога која му донесе дури 12 номинации и награда за најдобар актер на Афро - Американската асоцијација на филмски критичари, награда за најдобар црн актер и награда за посебни достигнувања.

flight, denzel vasington, дензел вашингтон

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2710 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус