Интересно
Прекрасно осветлени водопади
Двајцата познати фотографи Sean Lenz и Kristoffer Abildgaard на водопадите во Калифорнија успеаја да им дадат живост и разиграност.
Благодарејќи на нивната фантазија и успешна реализација на нивните воодушевувачки идеи, овие водопади прераснаа во колоритни уметнички дела, кои под дејството на месечевата светлина сјаат во сите можни бои и изгледаат прекрасно.
За да им дадат ваква живост на водата и на водопадите, двајцата млади уметници под течението на водите, во самите корита на реките ставаат вештачки светлечки сјајни стапчиња, кои под дејство на течението на водите изгледаат како да се движат, а со тоа ефектот кој се постигнува е неверојатен.
Разнобојните ноќни светлини кои се добиваат на ваков начин изгледаат како ноќни подводни виножита кои сјаат во сите бои и ја украсуваат останатата природа.
Првичната идеја на уметниците била да се осветлуваат само води на водопади, но поради успешноста на нивниот проект, тие продолжиле да осветлуваат и езера, планини, гранки на дрвја, патеки во шуми, полиња и пештери и на тој начин придонесуваат да ја направат уште повпечатлива и поневеројатна оваа наша природа.
Уживајте во прекрасните ноќни подводни виножита.
Додади коментар