Интересно

Се сеќавате ли на почетоците на македонската поп дива Калиопи Букле?

03 август, 12:37

Калиопи Букле, родена на 28 декември 1966 година во Охрид, своето детство го поминува во Кичево.

Својата посериозна музичка кариера ја започнува во бендот Калиопи, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил. Првиот успешен сејугословенски хит на оваа група е песната Лео, чиј автор е познатиот македонски композитор Глигор Копров. Среќата беше на нивна страна. Следната година, бендот го објави својот прв албум со назив Калиопи, по што следеше и нивниот вторт албум Rodjeni, 1987. Меѓу деветте песни на овој албум се наоѓа и југословенскиот мегахит Bato, за кој денес може да се рече дека е еден од апсолутно најголемите хитови во рамките на поранешна Југославија. Во 1988-та групата се распадна.

Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг и основач на групата, Ромео Грил, заминуваат во Швајцарија.

По цели осум години, со својот извонреден настап на Скопскиот фестивал, 1996 година, освојувајќи Grand Prix, Калиопи го најави враќањето на македонската музичка естрада. Почетокот на својата соло кариера го круниса со својот прв соло албум Обои ме (трет во целокупната кариерата), кој излезе во декември 1998 година, предизвикувајќи вистинска еуфорија во Македонија. Од овој период до денес следеа голем број на награди, признанија и успеси кои заслужно ја вбројуваат во класата на поп диви.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2376 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 април

14 април

На денешен ден се навршуваат 17 години од смртта на Видое Подгорец, еден од најплодните македонски писатели, поет, романсиер, патописец и раскажувач.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус