Интересно

Што нè учат пингвините за љубовта

30 мај, 09:53

Овие прекрасни суштества се вистински мајстори за успешни врски и долга љубов.

Од нивното однесување може да научиме многу нешта за љубовта.

Не дека не ги знаеме овие едноставни нешта, туку некако ги забораваме и не ги применуваме.

Што сè може да научиме од пингвините?

 

Комуникација
Пингвините постојано комуницираат меѓу себе, си разговараат на свој начин и си се чувствуваат блиски. Комуникацијата е многу важна за секоја врска. Дури и обичен, секојдневен разговор и споделена шега ќе ве доближат меѓусебно, бидејќи врската во која нема комуникација многу побрзо слабее и ја губи живоста.

Одговорност
Љубовта не значи само уживање. Љубовта која се раѓа во врска и се крунисува со брак значи и одговорност.
Пингвините се многу одговорни суштества. Додека се малечки, потребна им е љубов и грижа, но кога ќе пораснат стекнуваат голема одговорност за себе и своите семејства. Бидете одговорни, ако можат пингвините, сигурно можете и вие!

Посветеност
Голем дел од времето пингвините го поминуваат со своите партнери и семејствата, притоа градејќи цврсти врски на грижа. Заедно патуваат на долги релации и се штитат благодарение на својата посветеност и поддршка.
Ваквото однесување е пример за секое човечко суштество!

Покажете ја љубовта
Колку често на партнерот му кажувате „Те сакам” или на било кој начин му покажувате колку ви значи?
Ако тоа го правите ретко, повторно научете нешто од пингвините. Тие постојано ги покажуваат своите емоции изразени преку крици кои се слушаат надалеку, секој ден и тоа повеќе пати дневно. Тоа е нешто слично како секој ден на цел глас да развикувате ТЕ САКАААААМ! Во ред, тоа би било претерано, но покажувањето на емоциите одвреме - навреме ќе внесе нова нежност во врската и уште повеќе ќе ја зацврсти.

Бидете верни
Пингвините многу внимателно го избираат својот партнер и со него остануваат цел живот.
За нас тоа не може да се каже. Доколку сте погрешиле во изборот, достоинствено разделете се од партнерот. Нема потреба да го изневерувате и повредувате. Ако навистина сте одлучиле да продолжите без него, одете по својот пат, но најпрво прекинете ја врската.

Погледнете околу себе
Пингвините се весели и љубопитни суштества кои постојано се воодушевуваат од она што ги опкружува. Научете ја оваа добра лекција и најдете време да му се радувате на животот, да погледнете околу себе и за бидете задоволни од тоа што го имате.

Научивте ли нешто од пингвините?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1627 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус