Интересно

Сведоштвото на Џон: 5-те најглупи постапки кои ги направив во првите две години откако станав татко

07 септември, 15:09

„Мојата ќерка полни 2 години, а јас сè уште не можам да поверувам дека помина само толку мал период. Чувствувам како да е цела вечност дел од мојот живот. По предлог на мојата сопруга одлучив да пишувам за досегашните моменти поминати како татко.“

 

 

 

1. Бев загрижен во текот на 9-те месеци пред таа да пристигне

Во целиот тој период спиев помалку, отколку кога се роди. Не можев да заспијам плашејќи се од можните последици при породувањето, стравував дека може да има аномалии, едноставно се плашев од сè лошо што може да се случи.

Што научив?

Сега, кога ќе се сетам на тоа сфаќам дека сум изгубил многу време залудно размислувајќи. Прочитав многу на Интернет за можните болести, но сфатив дека што и да се случеше, тоа е нашето бебе. Ние секогаш ќе ja сакаме и ќе бидеме покрај неa и покрај сè.

2. Ја споредував нашата ќерка со другите деца

Синчето на наши блиски пријатели кое е родено една недела после нашата ќерка проoдe и неговите родители снимката ја ставија на фејсбук. Чувствував нервоза и се прашував во себе зошто нашето дете сè уште нема проодено, дали грешиме во нашите постапки, дали забораваме на нешто? Си помислив дека пријателите намерно го поставија видеото само за да нè изнервираат. Поради тоа, купив мали ролерки и се обидував да ја научам ќерка ми да оди. После одредено време и нашата ќерка пoчна да оди. И ние успеавме!!!

Што научив?

Имав преголеми очекувања за тие две години, но, искрено, јас знаев дека треба да го одржувам нашето дете живо, а за другото и сега не знам што треба да правам. Сфатив дека мојата ќеркичка многу брзо научи нови зборови, научи да комуницира со поглед, научи повеќе работи и од мене додека бев на училиште. 

3. Носејќи ја во својата соба, не сакајќи ѝ ја удрив главата во рамката од вратата

Таа почна да плаче, а јас се исплашив. Кога сопругата ме праша зошто плаче, одговорив дека не знам.

Што научив?

Не знам да бидам искрен кога сум виновен. Се извинувам!

4. Почнав да ги советувам и другите родители

Се чувствував како да знам што треба да се направи за да се заспие било кое дете. Им делев совети на сите родители кои ќе се пожалеа.

Што научив?

Научив дека сите деца заспиваат на различен начин. Искрено, да можам нешто да сменам не би давал совети. Сега јас не успевам да го заспијам своето дете. Се чувствувам виновен за тоа. Сега се потребни два часа за да заспие.

5. Не знаев доволно да се заблагодарам

Околку нас постојано беше целото семејство и пријателите, сите нè советуваа и ни помагаа.

Што научив?

Сега сфаќам дека, не сме сами во ова. Опкружени сме со толку многу љубов. Што би рекле моите религиозни пријатели „Благословени сте“. Поради тоа, од овој момент ќе се заблагодарувам за сè што тогаш правеа и сè што сега прават.

Ви благодарам на сите!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1042 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус