Интересно

Пеперутки, јагниња, зајачиња... Зошто токму тие се велигденски симболи?

11 април, 00:27

 

 

 

Велигден – еден од најголемите христијански празници кој се празнува ширум светот, со себе носи обичаи кои постојат од дамнина, како и легенди, митови и симболи кои потекнуваат од христијанството, но и од паганските верувања.

Зошто токму пеперутката, јагнето и цвеќето симболично се поврзуваат со овој голем празник?

Пеперутката има неколку фази на развој, и токму преку неа симболично се претставени и фазите од животот на Исус, но и на христијаните.
Првата фаза, гасеницата, го претставува земниот живот, човечката преокупираност со обичните, секојдневни нешта, желбата да се задоволат физичките потреби. Гасеницата исто така го претставува и периодот од животот кој Исус го поминал на Земјата.

Следната фаза во која гасеницата се обвиткува во кожурец и не покажува знаци на живот го претставува распнувањето, гробот на Исус Христос, како и смртта која е дел од животот на секој човек.

Последната фаза, пеперутката, е симбол на новото раѓање, воскресението, новиот живот во кој нема место за материјалното, живот каде царува духовноста кон која треба да се стреми секој верник.

Пеперутки, јагниња, зајачиња... велигденски симболи, значењето на велигденските симболи, велигденско зајаче, велигденско јајце, ристос воскресе, veligden, veligdenski jajca, hristos voskrese

Јагнето е уште еден симбол на Велигден и преку него е претставен Исус, јагнето Господово кое мирно се соочува со распнувањето. Јагнињата се симбол и на христијаните кои на Исус гледаат како на свој добар овчар кој се грижи за нив и ги води напред.

Пеперутки, јагниња, зајачиња... велигденски симболи, значењето на велигденските симболи, велигденско зајаче, велигденско јајце, ристос воскресе, veligden, veligdenski jajca, hristos voskrese

Нарцисот, кринот и лалето се цвеќињата кои симболично се поврзуваат со Велигден. Според една легенда, нарцисот прв пат изникнал во Гетсиманската градина ноќта на Тајната вечера, за да го утеши Исус во моментите на тага. Лалето, како цвеќе кое расте во пролет, го претставува животот, будењето после студенилото на зимата,  радоста која царува во срцето на секој христијанин на овој голем празник.

Пеперутки, јагниња, зајачиња... велигденски симболи, значењето на велигденските симболи, велигденско зајаче, велигденско јајце, ристос воскресе, veligden, veligdenski jajca, hristos voskrese

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5142 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус