Интервјуа

Солена Соба за здравје без антибиотици

13 мај, 06:44

Иако во светот одамна се знае за лековитата моќ на солената соба, во нашата земја за жал сè уште не се придава доволно значење на она што значи лекување по природен пат и превентивно делување во насока на чување на здравјето.

Со цел подобро да ве запознаеме со значењето на третманите во солената соба и да ја подигнеме вашата свест за здрав живот без антибиотици, поразговаравме со Жанета Сотировска, сопственик на Солената соба Солина во Битола, која љубезно одговори на нашите прашања и разјасни многу нешта поврзани токму со лековитата моќ на солената соба.

Дали можете накратко да ни објасните која е тајната на лековитоста на солената соба?
Тајната на солената соба, која е исполнета со морска и камена сол, е многу едноставна.
Воздухот во неа е заситен со микрочестички од сува солена аеросол, но и со многу минерали и елементи кои се содржат во солта.
Со престој во солената соба го  изложуваме телото на дејството на аеросолите, па тоа ги апсорбира во себе сите  елементи неопходни за функционирање на организмот. На тој начин телото доаѓа во рамнотежа и почнува да се лечи.
Со третманот се елиминира основата за сите воспалителни респираторни болести преку уништување на бактериите и алергените и обновување на здравјето на еден сосема природен начин.

Третманот делува како БРОНХИЈАЛНА ЧЕТКА на дишните патишта.

Како изгледа еден третман во солената соба?
Солената соба претставува асептична и атрактивна затворена просторија. Благодарејќи на инженерската досетливост, креирана е така што нејзиниот изглед ги надминува сите наши сетилни и визуелни очекувања. Осветлена е со светла во различни бои,  доловува амбиент како од приказните. Посетителите кај нас доаѓаат комотно облечени, притоа можат релаксирано да се опуштат во големите фотелји и да се препуштат на фантазијата. Освен ова, нивното тело е изложено на дејството на халотерапијата (вдишување на суви солени аеросоли), хромотерапијата (светла во разни бои) и аудио терапијата (релаксирачка музика или звуци од природата)  кои делуваат  благопријатно на организмот.
Третманот трае 45 минути. Многу од посетителите велат дека брзо им поминал, а многу од нив и заспиваат во текот на третманот.
За децата третманот претставува  посебно доживување, затоа што си играат со играчки  во солта како да се на плажа и  гледаат цртани филмови. 

Што ја прави Солина толку посебна?
Микроклимата, која е направена со помош на медицинскиот уред – халогенератор кој ја распрскува солта во вид на микропрашина која е адекватно измешана со воздухот кој се дифузира во просторијата.

Микроклимата, преку негативно јонизираниот воздух кој има антибактериски и хипоалергиски својства, доведува до: 
- Зголемување на имунитетот
- Намалување на долготрајната употреба на антибиотици
- Намалување на појавувањето на болестите по интензитет и по зачестеност

Халогенераторот ПРИЗМА кој го користиме е еден од најновите кои ги има на пазарот и истовремено и технички најсовремен.
За терапија се користи високо квалитетна медицинска сол.
И апаратот и солта се сертифицирани. 

Кому би ја препорачале солената соба?
Солената соба е одличен избор за секого. Се препорачува и на здрави луѓе и на луѓе со здравствени проблеми. 

Индикации при кои се препорачува престој во солената соба се:
- Астма
- Бронхитис
- Пневмонија
- Алергиски ринититс
- Синуситис
- Воспаленија на: уво, нос, грло, ждрело, крајници
- Повремени и хронични ангини
- Вирусни и бактериски инфекции
- Превенција и лечење на настинки и грипови
- Кашлање со потешкотии на исфрлање на секрет
- Кашлање од пушење
- Гастритис
- Хипотиреодизам
- Мигрени
- Вагинални инфекции
- Недоволна циркулација на крвта
- Хронични опструктивни респираторни заболувања
- Остеопороза
- Ревматски болки и артритис
- Мускулни грчеви
- Регулација на нивото на шеќерот
- Акни и нечиста кожа
- Алергиски дерматитис
- Псоријаза
- Себореја
- Атописки дерматитис
- Егземи

За релаксација:
- Го стимулира централниот нервен систем
- Го подобрува сонот
- Го опушта телото и умот  после стресен ден
- Ослободува од депресија 
- Ослободува од нервна напнатост, умор и исцрпеност

Посебно се препорачува кај:
- Спортисти
- Пушачи 
- Пеачи

Посебно важно е да се каже за луѓето кои работат во загадени средини, како што се рудници (РЕК-Битола), печатници, тутунска и текстилна индустрија, третманите се од огромно значење за нивното здравје.


Дали Битолчани имаат развиена свест за значењето на солената соба?
Па, веќе две години присутни сме меѓу Битолчани и можеме да кажеме дека сè повеќе од нашите сограѓани  го прифаќаат овој начин на лечење.
Во текот на летниот период имаме повеќе посетители од странство кои веќе биле во солени соби во нивните земји каде живеат и се пријатно изненадени кога ќе слушнат дека и во Битола има солена соба.
Имаме посетители и од другите соседни градови, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, од Општина Новаци и Општина Могила.
Сите кои ги виделе позитивните ефекти од престојот кај нас, им  ја препорачуваат  Солина на своите најблиски и пријатели. Така се зголемува кругот на корисниците на солената соба.
Мораме да напоменеме дека најчести посетители ни се децата со нивните родители.

Колкав е бројот на терапии кои треба да се направат?
Тоа зависи од многу фактори, како на пример: колку години има личноста, колку долго чувствува тегоби и со колкав интензитет.
Не се ретки случаите кога после 3 до 5 третмани се чувствува подобрување, дишењето им се олеснува, се ослободуваат од затнатоста, голем број од нив спијат подобро, но тоа не мора да биди правило.
Еден циклус од 10 до 15 третмани доведува до значително подобрување на состојбата, па ефектот може да трае и повеќе месеци.
Вкупниот број на третмани кои треба да се направат не се ограничува.
Во прашање е целосно природна и нештетна метода.
Една терапија заменува престој на море од 3 до 4 дена, едноставно речено имате море и тука, на својот куќен праг.


Повеќето од нас, скоро секогаш, при појава на одреден здравствен проблем, посегнуваат по антибиотик.

Со добиените информации за солената соба и благодатите кои таа ги има врз здравјето на луѓето, сакаме да ве оттргнеме од внесување на било какви хемикалии во вашиот организам. 
Сакаме да ве упатиме и да ве запознаеме со предностите на природниот начин на лекување, како што тоа многу добро и успешно го прави солената соба Солина.

Здравјето нема цена, па затоа не двоумете се, посетете ја солената соба Солина и при секој третман вдишувајте здравје.

 Солена Соба за здравје без антибиотици, solena soba za zdravje bez antibiotici, solena soba, solina, солена соба, солина  Солена Соба за здравје без антибиотици, solena soba za zdravje bez antibiotici, solena soba, solina, солена соба, солина


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7406 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус