Интервјуа

Уличен спорт – мотивација за младите во Македонија

21 февруари, 07:00

Ако до скоро бевме навикнати да читаме статии за момчиња од Европа и Америка кои се занимаваат со Улично вежбање и да воздивнуваме на нивните трикови, вистинска гордост е за нас, Мој портал, да бидеме дел од првите кои пишуваат за Уличниот спорт во Македонија.

 

 

 

Еден од повеќето момци кои се одлучиле своето слободно време да го користат за вежбање на овој спорт е Бране Цвијетиќ од Скопје. Со своите 16 години подготвен е да помогне во ширењето на Уличното вежбање меѓу младите.

Со Уличниот спорт се занимава шест месеци. Работејќи напорно Бране успеал да совлада неколку вештини и е подготвен истите да им ги претстави на младите ширум државата.

„Со вежбање започнав минатото лето. Најголемата причина заради која го избрав овој спорт се момците од групата Bar Brothers, нивните видеа ме мотивираа да станам и јас како нив. До сега научив многу елементи и ќе продолжам понатаму. Како што момците од Bar Brothers ме мотивираа мене, сега јас имам за цел да ги мотивирам младите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Во овој спорт тоа така оди...“ изјави Бране Цвијетиќ.

Brane Cvijetic

Еве еден добар пример што подразбира Уличното вежбање, каде може да тренирате и како тоа треба да изгледа.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2758 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус