Мој предлог, Книга

„Искинатиот вел” од Естхер Гулшан

25 август, 00:02

Многу ретко се случува во рацете да ни падне книга која поради интересната содржина не можеме да ја оставиме и ја читаме во еден миг, во еден здив. Уште ако книгата е автобиографска и сѐ она што во неа е опишано до најситни детали е вистина, тогаш возбудата е уште поголема, па така секој збор, секоја страница, секое поглавје го голтаме со брзина на светлината.
Љубопитноста е таа која што не тера ниту на момент да не можеме да ги оставиме ваквите книги, едноставно стануваме зависни од нив, со сета душа се внесуваме во приказната, стануваме и ние дел од неа.

Она за кое што се зборува во „Искинатиот вел”, приказната прераскажана и напишана од самата авторка не може никој, ама баш никој да го остави рамнодушен.
Книгата пренесува една толку голема и вистинита порака, порака која е наменета за сите нас, порака која ни покажува и докажува колку всушност е голема силата на молитвата.

Молитвата искажана од секој човек, на секое место и во секое време е слушната, само потребно е да дојде денот кога истата ќе биде реализирана - ова е тоа во кое не убедува младата муслиманска девојка Естхер Гулшан, авторката на „Искинатиот вел”.

Оваа млада девојка цели четиринаесет години е затворена и воспитувана во својата муслиманска религија. Ги почитува сите муслимански должности и обичаи, прави сѐ што е потребно и што и налага религијата се со една цел, а таа е да се спаси од инвалидската количка за која е врзана уште од нејзиното раѓање.
Покрај болката која ја има животот ја искушува и со уште други немили настани, па така нејзината мајка умира на породувањето, а татко ѝ ја напушта кога таа има четиринаесет години. Токму нејзиниот татко беше тој кој ѝ беше светилка во животот, искрата надеж дека еден ден ќе се излечи, човекот кој ја однесе на аџилак во Мека и Медина, човекот кој ја учеше верно и понизно да му се моли на Алах, бидејќи тој како и нејзе веруваше дека само Алах ќе ги слушне нејзините молитви.
Но наместо тоа се случи токму спротивното, се случи нешто неочекувано.
Визијата која оваа млада девојка ја доживеа во нејзината соба, една вечер во три част по полноќ, засекогаш ќе го промени нејзиниот живот.
Пред неа се појави никој друг туку Спасителот Исус.

„Искинатиот вел” е книга која сведочи за силата на човечката волја и вербата, книга која кај секој ќе ја зацврсти вербата кон Бога, книга која секого ќе го натера преку молитвата да му се обраќа на Бог и секој ќе го направи трпелив.

„Искинатиот вел” е книга која секој, ама баш секој без исклучок треба да ја прочита барем еднаш во животот, а дополнителен мотив за тоа да го сторите нека ви биде податокот дека оваа храбра жена и ден денес е жива, и ден денес е гласноговорник пред оние кои сакаат да ја чујат, и ден денес со огромна љубов и восхитеност зборува за големината на Спасителот Исус Христос кој ѝ помогнал во нејзината борба со болеста и ја направи да биде првата жена во историјата на исламот која од муслиманка станува христијанка и ги прифаќа Господ Исус Христос за нејзин Бог.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3633 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус