Мој предлог, Филм

„Искушение“ - филм за неверството и казната

31 јули, 06:48

Џудит е млада жена која работи како брачен советник, ги решава проблемите на другите брачни парови, но не може да го реши проблемот со својот сопруг. Со Брус се заедно од нејзината шеста година. Нејзиниот сопруг го заборава нејзиниот роденден, па дури и не ги приметува промените на неа. 

Разочарана од својот брак започнува врска со Харли, претприемач кој бара од неа да се раздели со сопругот. Брус ја моли да бидат повторно заедно, да се врати во нивиот дом, но Џудит одлучува да не се врати. Харли ќе ја нападне нејзината мајка која се обидува да ја предомисли и насилно ќе ја грабне Џудит.
Брус вознемирен излегува на вечера со Мелинда, вработена во аптеката, чие поранешно момче ја малтретирало. Таа му признава дека Харли, нејзиното поранешното момче ја заразило со ХИВ. Сфаќајќи дека Џудит е во опасност веднаш оди кон нејзиниот стан, каде ја наоѓа претепана во бањата, по што Џудит се враќа кај својот сопруг и останува да живее до крај заразена со ХИВ вирусот.

Но, ова е приказната која брачниот советник му ја раскажува на една жена која сака да започне афера надвор од бракот. 

Вистината е тоа што Џудит ја раскажува својата приказна на клиентите само со поинаков крај. Брус и таа повеќе не се заедно, тој е женет со друга и има син. А Џудит живее со својата мајка.

Филм кој ја покажува вистинската страна на неверството и казната. Својата промоција ја доживеа во март 2013 година. Филмот е дело на Тајлер Пери. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2644 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус