Животен стил, Кујна, Рецепти

Италијанска пица за вљубените

29 јуни, 07:03

 

 

 

 

 

 

Состојки: (4 пици)

  • 650 гр брашно
  • 350 мл вода
  • 20 гр сол
  • 3 гр свеж квасец
  • 100 гр прстени од италијански домати
  • 50 гр кашкавал исечен на тенки парчиња
  • 50 гр зелена пиперка сечена на кругови
  • 10 гр босилек
  • 10 гр зелени маслинки
  • 10 гр каперси
  • оригано
  • италијански сос за пица
  • 100 гр феферони
  • Чајна колбасица исечена на тенки парченца
  • Салама исечена на тенки парченца

Подготовка:

Во поголем сад ставете ги водата, солта и квасецот, по што убаво промешајте. Постепено се додава и брашното. Тестото не треба да биде многу цврсто. 
Извадете го тестото од садот, ставете го на маса со брашно и покријте го со влажна крпа. Така покриено тестото треба да отстои 5 минути. Потоа се меси околу 30 минути, потребна е многу сила и енергија. Покријте го повторно со влажна крпа и месете го 15 минути. 

Од тестото направете четири еднакви топчиња. Секое од топчињата размесете го во форма на круг, правејќи го на краевите малку подебело. Ставете го на хартија за печење и оставете малку да отстои. 

Сите состојки се делат на четири еднакви делови. Ставајте ги на тестото за пица по следниот редослед: прстени италијански домати, тенки парченца кашкавал, босилек, тенки парченца чајна колбасица, зелени маслинки, каперси и оригано по желба. 

Се пече на температура од 260 целзиусови степени околу 3-5 минути.

За вљубените еден мал совет: тестото за пица откако ќе го направите во форма на круг земете хартија за печење во форма на срце и ставете ја над него. Сечете го тестото според примерокот.

Добар апетит!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 7207 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус