Изгубениот град Атлантида

10 мај, 00:03

 

 

 

 

 

 

Атлантида е остров на легендарна древна култура, за чие што постоење и место каде се наоѓала, сé уште ништо со сигурност не се знае.

Изгубениот град Атлантида за прв пат, пред 2400 години го опишал грчкиот филозоф Платон како дом на напредна цивилизација.
Според него Атлантида била остров со големина колку денешна Азија и Либија заедно. Имало плодна и богата почва која два пати во годината давала принос. Жителите претежно биле земјоделци, сточари и занаетчии. Копале и обработувале руда. Најзастапен метал им било златото кое го имале во изобилие.
Во средината на островот се наоѓале два извори, едниот имал топла, а другиот ладна вода. Жителите на Атлантида живееле среќен и исполнет живот сé додека нивните цареви и управители не одлучиле да војуваат со остатокот од светот. Во тие големи битки земјата претрпела големи земјотреси, па така и Атлантида била потопена.

Легендите за Атлантида кажуваат различни работи. Една легенда кажува дека Атлантида исчезнала самата од себе, како резултат на погрешно употребена многу моќна енергија, а друга пак кажува дека боговите ја казниле и ја потопиле бидејќи жителите почнале да војуваат против своите пријатели од остатокот од светот, сакајќи на тој начин да се збогатат. Подоцнежните интерпретации кажуваат дека тоа всушност е подводно кралство кое го чуваат сирени.

Во средниот век луѓето биле сигурни дека овој мистериозен град навистина постоел и дека се наоѓал на местото на денешниот Атлантски океан според кој и го носи името. 
Местото, ако воопшто некогаш и постоел градот Атлантида и понатаму е мистерија. Некои неодамнешни истражувања укажуваат дека Атлантида се наоѓала некаде во Медитеранот, во близината на Кипар.

Како и да е, без разлика дали некогаш постоел или не, градот Атлантида и ден денес е нерешлива мистерија.
Останува да почекаме времето и истражувањата кои би се вршеле во иднина да ни дадат одговори на многу нe одговорени прашања.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6388 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус