Неверојатни примени на јаболковата киселина за убавина и здравје

04 декември, 00:06

Освен како додаток во салата, јаболковата киселина може да се употреби и на многу други начини во секојдневниот живот, а наоѓа голема примена и во служба на убавината и здравјето.

 

 

 


За што сè може да послужи?

За убава коса и против првут
Во шишенце измешајте 1 дел јаболкова киселина и 3 дела вода. Со оваа течност масирајте го коренот на косата после секое бањање, потоа уште еднаш исплакнете со вода. Јаболковата киселина ќе ги отстрани сите штетни остатоци од шампонот и регенераторот, косата ќе биде сјајна, а ќе се заштитите и од појава на првут.

За убава кожа
Измешајте 2 чаши вода со 2 лажички јаболкова киселина. Смесата чувајте ја во шишенце или тегла, па користете ја секојдневно како тоник за лице. Нанесете малку од течноста на вата и нежно поминете по лицето. Кога ќе се исуши, може да го нанесете дневниот крем за лице. Овој домашен тоник ќе ја одржува природната влажност на кожата, правејќи го лицето нежно и мазно.

Против акни и црвенило на кожата
Измешајте малку јаболкова киселина, малку мед и пченично брашно за да добиете густа смеса. Пред легнување нанесете на акните, а наутро исплакнете го лицето со млака вода. Јаболковата киселина помага во лекувањето на акните и значително го намалува црвенилото околу нив.

За убави заби и свеж здив
Плакнењето на устата со мешавина од вода и јаболкова киселина помага за отстранување на наслагите од забите и ги уништува бактериите кои предизвикуваат непријатен здив. За убави и бели заби корисно е и четкањето на забите со јаболкова киселина, а по четкањето исплакнете ја устата со вода.

За согорување масти и енергија
2 лажички јаболкова киселина измешајте со 200 мл. вода и пијте ја течноста во текот на денот. Јаболковата киселина помага во топењето на мастите, го забрзува метаболизмот, дава енергија и го штити организмот од инфекции.

Лек за воспалено грло – правете гаргара со јаболкова киселина. Иако е малку непријатно, навистина е делотворно и значително го намалува воспалението.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5039 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус