Здравје, Природни лекови

Јаболкова киселина – извор на витамини и минерали

06 септември, 07:45

Уште од порано е познато дека јаболковата киселина е многу здрав додаток во исхраната, кој треба колку што е можно повеќе да го користиме.

Изобилува со витамини и минерали како што се: A, Б, Ц и П, фосфор, калциум, магнезиум, железо и натриум.

Благодетите од употребата на јаболкова киселина се многубројни.

Позитивно влијае во борбата со грипот, снабдувајќи го организмот со сите потребни витамини и минерали кои му се потребни во борбата со настинката, помага против алергии, ја регулира PH вредноста во организмот, со нејзина редовна употреба организмот успешно се справува со мигрена.

Познато е дека јаболкото изобилува со голем број на нутритивни својства, па оттаму произлегува и големата концентрација на витамини и минерали кои ги има во јаболковата киселина, бидејќи се прави со директна преработка на јаболкото.  

Здравствените предности на овој моќен напиток се навистина големи.

Покрај наведените здравствени проблеми, јаболковата киселина успешно се справува и со многу други. Помага кај дијабетичарите, им го намалува нивото на шеќер во крвта, го регулира покачениот крвен притисок, помага кај луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, кај оние кои имаат проблеми со инфекции на дишниот систем, воспалени синуси, успешно се справува со вишокот на килограми, бидејќи го намалува нивото на холестеролот во крвта и делува против првут.

Знаејќи ги сите овие информации за јаболковата киселина, за благодетите кои се добиваат со нејзина редовна употреба, треба во голема мера да ја зголемиме употребата во секојдневната исхрана, бидејќи ќе бидеме поздрави и нашиот организам ќе биде имун на повеќе воспаленија и вируси.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8717 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус