Јогуртлитава – за посебни пригоди со најблиските

09 ноември, 06:35

Ова вкусно јадење ќе ве освои со неповторливиот вкус. Се подготвува релативно брзо, одлично оди со јагнешко месо, па многумина го подготвуваат за Велигден, но исто толку вкусно е и со телешко или јунешко.

Јогуртлитавата изгледа одлично кога ќе ја сервирате на коцки во чинијата, па може да послужи како ручек кој се подготвува за некоја посебна прилика во кругот на семејството.

 

Состојки:
1 шолја ориз (за повеќе од 4 луѓе ставете повеќе ориз, а сразмерно на оризот и вода. 1 шолја ориз = 2 шолји вода)
5-6 јајца
околу 500 мл. јогурт (може и помалку)
зачини
кромид
јагнешко, јунешко или телешко месо

Подготовка:
Месото го вариме (не мора да биде потполно сварено бидејќи ќе се динста), потоа го сечеме на парчиња, секое парче го запржуваме од двете страни да порумени, па во садот во кој пржиме додаваме малку вино и вода, зачини по вкус и оставаме кратко да се динста.

На овој начин се подготвува телешкото и јунешкото. Јагнешкото се вари, потоа се става кратко во рерна да се потпечи, со малку масло, вода и зачини.

Исечканиот кромид го запржуваме, го додаваме оризот и пржиме додека зрната не се делат едно од друго. Додаваме мешан сув зеленчук, сол и црн бибер, 2 шолји вода во која се вареше месото и оставаме да проврие.

Оризот го ставаме во тава за печење, одозгора го потураме со смеса од изматените јајца и јогурт (матиме со виљушка), по желба во оваа смеса додаваме и малку сол и црн бибер.

Тавата ја ставаме во загреана рерна и печеме подолго отколку што би печеле обична тава со ориз. Кога јогуртлитавата ќе добие убава златна боја и ќе испари течноста, се вади од рерна.

Се сече на поголеми коцки кои се сервираат во секоја чинија, заедно со парче месо, а одлично оди и со младо кромитче.

Ова јадење бара и голтка – две вино, за наздравување и уживање во вкусот.
Добар апетит!

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 13206 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус