Каде на одмор...

Банско

09 ноември, 06:42

Есента е најубавото годишно време за прошетки во природа и за прошетки на чист воздух.

Доколку сакате оваа есен да вдишете здрав и чист воздух ви советуваме да го посетите Банско бидејќи токму тоа и ви го нуди.

Рекреативниот скијачки центар кој се наоѓа на Пирин планина, град со извонредна природна убавина сместен под највисоките планински врвови, тоа е Банско.

Сместен на источните падини на Пирин планина, Банско е место кое нуди специфична атмосфера со својата местоположба, архитектура и културно наследство, изобилува со густа шума, скијачки терени, патеки за пешачење и безброј луксузни хотели.

Во моментот е најновиот и најпознатиот скијачки центар во Бугарија благодарение на брзиот развој кој го доживува последниве години.

Оваа есен посетете го Банско бидејќи ќе останете маѓепсани од духот на градот и од убавините на Пирин планина. Верувајте  дека во вас ќе се роди желбата за повторно да го посетите Банско бидејќи ќе ви недостасува мирот кој доаѓа од Пирин, кој како пајажина се има распространето низ целиот град.

Посетете го Банско и со сите ваши сетила почувствувајте ја и доживејте ја есента.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4239 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус