Каде на одмор...

Каде на одмор – кај јужниот сосед или во Албанија?

17 јуни, 00:02

Ако до пред 2 години нашиот јужен сосед беше најпосетената летна дестинација, денес можеме слободно да кажеме дека Албанија е исто толку посетена.

И додека за летувањето кај јужниот сосед речиси сè е познато, многумина имаат дилеми за Албанија, поточно за Ксамил, можеби поради тоа што не знаат што да очекуваат, или можеби поради негативните искуства на поединци.

За да ви помогнеме да ја решите дилемата, ќе направиме споредба на овие две дестинации, се разбира од наш агол и според нашите лични искуства.

Споредбата се однесува на Ксамил и поблиските туристички места кај јужниот сосед (Асправалта, Ставрос, Паралија, Неа Врасна...) Цените се според нашите искуства од мината година, а најверојатно ќе бидат слични и оваа сезона.

                                                                 СМЕСТУВАЊЕ ВО СЕЗОНА
Ксамил 17- 20 евра за двокреветно студио
Јужен сосед 20 - 25 за двокреветно студио
                                                                СМЕСТУВАЊЕ ВОН СЕЗОНА
Ксамил                    10 - 15 евра за двокреветно студио (од наше искуство)
Јужен сосед 15 - 20 за двокреветно студио (наша претпоставка)
                                                                           ПЛАЖА/МОРЕ
Ксамил                          прекрасно уредени песочни плажи, кристално чисто и мирно море
Јужен сосед релативно добри плажи, честопати немирно море
                                                                                ХРАНА
Ксамил                                   може слободно да си дозволите ручек во ресторан (одлична храна, многу пристапни цени), секојдневно кафе или пиво на плажа
Јужен сосед не можете да си дозволите ништо друго освен гиро и можеби неколку кафиња во текот на одморот
                                                                                УСЛУГА
Ксамил                             пријатни, љубезни и насмеани домаќини кои научиле и некој збор на македонски
Јужен сосед нељубезни домаќини (секоја чест на исклучоците, но мојот впечаток е лош)
                                                                           НОЌЕН ЖИВОТ
Ксамил                                 единствен недостаток на ова мало гратче, но на само 10 км. е Саранда која нуди сè што нуди и јужниот сосед
Јужен сосед шеталишта покрај плажата, мали дуќанчиња со евтина гардероба

 

Кога добро ќе размислите, единствениот недостаток на Ксамил е ноќниот живот. Иако има шеталиште, ги нема оние мали дуќанчиња и тезги на секој чекор, но ако ги земете предвид сите добри страни на ова место, особено прекрасните плажи и ниските цени на овошјето, зеленчукот и храната во рестораните покрај морето, тогаш дилемата е решена.

А ако на сите добри страни на летувањето во Албанија го додадете и чувството дека сте добредојдени, тогаш кажете ми една добра причина зошто би го избрале јужниот сосед, а не Ксамил?


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4204 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус