Каде на одмор...

Ова мора да го посетите кога ќе одите во Египет

22 август, 00:38

Државата Египет, во која голем дел од територијата се состои од пустински предели и низ која минува реката Нил по чија долина се најплодните полиња, е една од најпосакуваните туристички дестинации. 

Ова парче земја е особено познато по владеењето на Клеопатра. Египет е сведок за почетоците на човештвото.

Неколку милиони туристи годишно го посетуваат Египет. Негови најзначајни знаменитости кои секој мора да ги посети се:

Пирамидите

Се наоѓаат во близина на градот Каиро. Пирамидите се вбројуваат во листата на 7-те светски чуда. Пирамидите се гробници на фараоните кои владееле со Египет. Начинот на кој се градени и нивната неколку вековна издржливост се феномен кој мора да се види.

Egipetskite piramidi

Египетскиот музеј

Во Египетскиот музеј се наоѓа голема колекција на антиквитети од непроценлива вредност. Таму можете да ги видите 27-те кралски мумии и моштите на кралот Тутанкамон. Музејот се наоѓа во градот Каиро.

Egipetskiot muzej

Долината на кралевите

Долината на кралевите во близина на Луксор претставува гробница на кралевите и благородниците од 16-ти до 11-ти век пред новата ера. Гробницата има 120 комори и може да се забележат фрески со кои се претставени сцени од историјата и митологијата. Боите на сликите сè уште се свежи. Само 60 од гробниците може да се посетат, меѓу кои и гробот на кралот Тут. 

Dolina na kralevite

Пловење по Нил

Реката Нил може да се каже дека е единствениот извор на живот за оваа земја. Кога ќе го посетите Египет дозволете си една убава прошетка по реката Нил на релација Луксор – Асуан. Додека пловите ќе можете да уживате во прекрасната природа околу вас.

Plovenje po Nil

Прекрасен подводен свет

Поради големата бистрина на морето можете да уживате во разновидниот воден свет. Во морето има околу 200 различни видови на водни животни. Одличните услови ќе ви овозможат незаборавно нуркање, а за помалку храбрите тука се бродовите со стаклен долен дел од каде може да уживате во подводниот морски свет.

Podvoden svet

Токму затоа милиони туристи го посетуваат овој туристички центар и секое лето се враќаат на египетските плажи.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 13389 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус