Каде на одмор...

Покраината Краби – за нуркачи и авантуристи

17 јуни, 18:00

Краби е покраина на западниот брег од Тајланд со околу 25 000 жители. 

Поголем дел од територијата кој припаѓа под покраината Краби е прогласена за национални паркови од кои најпосетувани се: Hat Noppharat Thara, Ao Nang, Railay, Ko Phi Phi. Краби има 80 мали острови кои овозможуваат поголема забава за туристите.

 

 

Krabi

krabi

Како туристичка дестинација нуди можност за нуркање, кајакарење, возење со јахта и голем број водни спортови. На дното од морето може да забележите прекрасни корали, а во водата риби кои воодушевуваат со својот изглед. 

Krabi - korali

Иако, за тајландците тоа е само едно село, за туристите тоа е една од омилените дестинации. Краби во себе крие голем број на пештери, водопади, прекрасни зелени појаси, разновидни птици, патеки за долго пешачење.

krabi

krabi

Krabi - pestera

Малото парче од Тајланд постојано привлекува голем број туристи и нови жители. Во последните неколку години се изградени нови хотели со што се подобрени и условите за туризам.

Оние кои некогаш слушнале или го посетиле ова место не би оставиле да не спомeнат и за карпите кои наликуваат на животни.

Krabi

Krabi

Krabi


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2507 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус