Каде на одмор...
Посетете го Утрехт
Холандија е голема земја која итоа како ќе ве остави без здив. Нејзините пејзажи, прекрасните градби, историјата на тоа поднебје, како и лалињата кои се нејзина препознатливост нема да ви дозволат да си заминете.
Едно од местата кои ви предлагаме да ги посетите е градот Утрехт. Градот кој имаше главна улога во европската историја, денес гордо ги носи белезите од старите времиња и наликува на стар град.
Задолжително посетете ја најстарата црковна камбанарија во државата изградена во 14-от век. Ако се качите на нејзиниот врв ќе може да уживате во одличниот панорамски поглед над градот.
Покрај старата архитектура, Утрехт им дава место на новите генерации да дадат придонес во неговиот изглед кои со своите нови несекојдневни креации го прават подобар и поинтересен. Еден од попознатите предводници на модерната архитектура е и Герит Ритвелд.
Во музејот во градот Утрехт се наоѓа најголемата колекција на Ритвелд во светот заедно со оние на Утрехтските мајстори од 16 и 17 век.
Додади коментар