Каде на одмор...

Улцин

16 јуни, 06:49

Во пресрет на летото размислувајте каде да одите на одмор... 
Не размислувајте и не двоумете се повеќе, бидејќи ви препорачуваме ова лето да го посетите Улцин. 

Улцин е град кој се наоѓа во Црна Гора, на приближно 400 км од северната граница на нашата земја. 
Располага со богато историско и културно минато, со убави песочни плажи од кои секако најпозната е „Големата Плажа“ со должина од 12 км. Всушност оваа „Голема Плажа“ е и најдолгата плажа во цела Црна Гора. 
Уште една многу позната плажа, која вреди да се спомне во овај регион е „Ада Бојана“, бидејќи е препознатлива по беспрекорно чистата морска вода и ситната песок. 

Морето во овај дел на Црна Гора, во Улцин, е збогатено со висока концентрација на јод, па тоа нека биде уште една причина повеќе за да отпатувате и да го посетите ова место. 

Стариот град на Улцин со изглед на замок, е едно од многуте обележја на градот. Сместен на самиот врв на планината, која се наоѓа одма до градската плажа, претставува вистинска атракција за сите туристи, бидејќи нуди извонреден, неповторлив и незаборавен поглед кон беспрекорните широчини на морето... 

Улцин, Ulcin

Има многу да се пишува за Улцин, но чистотата и топлината на морската вода, долгите песочни плажи и љубезноста и гостопримството на жителите на овај град, нека бидат доволни причини, за да вие, ова лето отпатувате токму во Улцин и да доживеете еден незаборавен и несекојдневен одмор. 

Секој од нас тоа и го заслужува, нели ? 

Улцин, Ulcin

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8727 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус