Каде на одмор...

За Нова Година во Дубровник

20 ноември, 00:15

Ако сè уште се двоумите каде да одите за дочекот на Нова Година, ви предлагаме да го посетите Дубровник.

Добровник е историски град сместен во јужниот дел на Хрватска и има излез на Јадранското Море. Поради старата архитектура и поволната местоположба Добровник е засолниште на илјадници туристи од целиот свет кои трагаат по вистинско место за одмор.

Во Дубровник живеат околу 44 илјади жители. Се претпоставува дека градот е основан во 7 век пред новата ера. Ова парче земја потсетува на старата хеленска култура. Токму поради неговата несекојдневна убавина и мистичност Дубровник уште од 1979 година е прогласен за Град на УНЕСКО и е додаден во листата на Светско културно наследство.

И ако е дел од Хрватска народот кој живее тука прави напори да се разиве во самостојна држава со своја власт. А за изминатата летна сезона Дубровник беше прогласен за најдобра туристичка дестинација на Јадранот.

Она што верувам ќе ви се допадне е температурата која за дочекот на Новата Година не би била пониска од 15 целзиусови степени. А тоа е причина повеќе истата да ја прославите на отворено.

Dubrovnik

Dubrovnik

Dubrovnik

Dubrovnik

Dubrovnik

Dubrovnik


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1866 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус