Кади изработени од дрво

29 април, 07:37

Кога станува збор за уредување на домот според сопствен вкус, покрај вниманието кое го посветуваме на беспрекорниот изглед на предметите, исто така толкаво, ако не и поголемо внимание треба да посветуваме на практичноста и издржливоста на предметите кои секојдневно ги користиме.

Бањата е местото од домот каде секој наоѓа парче мир и тишина, место каде на момент се опуштаме и се релаксираме, место каде сме сами со себе си. 
Поради тоа, овој дел од домот секогаш треба да е беспрекорно чист и уреден и треба да содржи предмети кои по можност убаво би било да се изработени од природни материјали, кои на момент ќе не поврзат со природата и ќе ни дадат незаменливо чувство на релаксација и опуштеност.

Такви предмети изработени од природни материјали, поточно од дрво, нуди компанијата Alegna од Швајцарија која дизајнира и изработува елегантни кади и мијалници целосно направени од дрво. 
При изработката на овие видови кади се користат високо квалитетни дрва кои се премачкуваат со посебен вид на лак за да не дојде до оштетување на дрвото. 
Дрвјата фасети од кои се изработуваат овие дрвени кади се берат од посебни места кои поради огромната сеча, редовно се пошумуваат и обновуваат. 
Откако ќе се соберат, се компресираат под многу голем притисок заедно со огромниот процент на смола кои го содржат во својот состав. 

Една ваква када тежи отприлика од 60 до 80 килограми, тежина која што зборува за нејзината стабилност. 

Поради посебниот лак со кој се премачкуваат, како и процентот на смола кој се содржи во составот на дрвото, овие кади се отпорни на бактерии, а самото тоа зборува за зачувување на здравјето на оние кои ќе ги употребуваат.

Разгледајте ги фотографиите од овие природни кади и доколку можете искористете и реализирајте некоја идеја од нив. 

Уживањето додека се капите и релаксирате во нив сигурна сум дека ќе биде загарантирано, а и изгледот на вашата бања збогатен со ваква природна дрвена када ќе биде воодушевувечки и несекојдневен.

Кади изработени од дрво, Kadi izraboteni od drvo,

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4170 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус