Мој предлог, Книга

Како богатата девојка учи за вистинските вредности - „Priceless“

18 септември, 06:58

Шарлот Вилијамс е млада, богата, згодна, талентирана пејачка на која животот ѝ се сведува на забави, момци, озборувања и модни трендови. Но, по апсењето на нејзиниот татко поради измама, Шарлот ја запознава друга страна на животот – сиромаштијата. Нејзината мајка настрадала во сообраќајка, па така нема никого освен себеси. 

Под силен притисок на папараците и јавноста која го обвинува нејзиниот татко, таа мора да се избори за својот живот, но како ќе успее во тоа, низ што сè ќе помине и како ќе се промени ќе дознаете од прекрасниот роман „Priceless“

Овој пад ќе ѝ помогне на Шарлот да ги научи вистинските вредности во животот и да се промени кон подобро.

Романот „Priceless“ е дело на Никол Ричи, американски моден дизајнер и актерка. 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2038 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус