Здравје, Здрави навики

Како полесно да ги оставите цигарите

01 септември, 06:43

Освен силната волја и решителност, за откажување од пушењето добредојдени се и неколку корисни совети препорачани од доктори кои се занимаваат со оваа проблематика.

Зависноста од цигари може да се надмине само доколку навистина се потрудите да се откажете од оваа навистина лоша и штетна навика.

 

 

  • Потребата за никотин не трае долго. Кога ќе почувствувате потреба за цигара, би требало за околу 3 минути таа потреба да се намали, па секогаш имајте ги на ум тие 3 минути кои треба да ги пребродите.
  • Во моментите на никотинска криза измијте ги забите и убаво исплакнете ја устата, со што значително ќе се намали желбата за никотин.
  • Гумите за џвакање, особено оние со вкус на нане исто така ја намалуваат потребата од никотин.
  • Утринското кафе заменете го со чај. Не само што ќе пиете здрав пијалок, туку и ќе ја намалите желбата за цигара.
  • Неколку чаши вода помеѓу оброците ја намалуваат желбата за никотин. Кога ќе почувствувате голема желба за цигара, веднаш испијте чаша студена вода.
  • Бомбоните ја намалуваат желбата за никотин, но не претерувајте бидејќи преголемото количество шеќер воопшто не е здраво.
  • Заокружете го денот кога сте одлучиле да престанете со пушење, и секој нареден ден без запалена цигара. Кога ќе ги погледнете изминатите денови, вашата волја ќе се зацврсти, а и ќе се гордеете со себеси.
  • Во почетокот избегнувајте места и средби каде би можеле да запалите цигара. Кога ќе поминете недела – две без никотин, полесно ќе можете да одолеете на искушението.

Нема подобар ден од денешниот за откажување од цигарите, затоа не чекајте и исчистете го телото од отровот кој со години сте го внесувале.
Среќно!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3245 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус